9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаДиректорот на струмичката болница бара донации од граѓаните за ново болничко возило

Директорот на струмичката болница бара донации од граѓаните за ново болничко возило

spot_imgspot_img

Директорот на Струмичката болница Наќе Гогов со фејсбук статус моли за донации од граѓаните и од компаниите од Струмица. Со парите кои ќе се соберат планира да купи ново болничко возило. Гогов во статусот дури ја оставил и жиросметката на болницата. Самиот вели дека е свесен дека на ваков начин не треба да собира пари ама тоа го правел заради актуелната ситуација.

„Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани, знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин , меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен – болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно, ние како „ЈЗУ Општа болница – Струмица” имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион. Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце , каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело, напишал Гогов.

Обнова: Подоцна Гогов го избриша постот. Рече дека се повлекува поради негативни коментари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...