9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаедно со премиерот Заев обезбедивме амбулантно возило, кое ќе пристигне за само...

Заедно со премиерот Заев обезбедивме амбулантно возило, кое ќе пристигне за само два месеци.

spot_imgspot_img

Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за струмичката болница, објави пратеникот од Струмица, од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов.

Ова следува откако директорот на струмичката болница, Наќе Гогов преку статус на Фејсбук побара граѓаните да донираат за ново возило за струмичката болница, но по негативните коментари се повлече.

Го разбирам притисокот кај здравствените работници. Дополнително се прват напори и за повеќе, во првото тромесечије од 2021 како донација од Кина ќе пристигнат 60 амбулантни возила за Македонија. Само со искрен разговор, со силни заложби можеме да ги решаваме сите проблеми, наталожени поради непреземање ништо во минатото но и оние кои произлегуваат од секојдневието. Како политичар секогаш сум давал се од себе за мојата Струмица, тоа и ќе продолжи со сигурност!, напиша Костадинов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...