6.5 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМорталитетот во Република Македонија: Во 2019 година починале 20 446 луѓе, во...

Морталитетот во Република Македонија: Во 2019 година починале 20 446 луѓе, во 2018 починати 19 727, во 2016 починале 20 421 !!!

spot_imgspot_img

Во продолжение ќе ви ја објавиме листата на починати лица во Rепублика Македонија изминатите години, a најголема смртнос има во месеците декември и јануар.

Морталитет во Република Северна Македонија, по општини, во 2019 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3.6 % во однос на претходната година и изнесува 20 446 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10 616 или 51.9 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 112, a нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 0.5 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи има во месец јануари (2 027).

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 76.0 години кај лицата од женски пол или се бележи за 4.4 години повисока просечна возраст кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ 10 (шифра I00-I99), и тоа во 51.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 18.6 %, па со 4.6 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.4 % од вкупно умрените.

Морталитет во Република Северна Македонија, по општини, во 2018 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија, бројот на умрените лица е намален за 2.9% во однос на претходната година и изнесува 19 727 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10 339 или 52.4% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 122, и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 0.6% на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број на случаи се регистрирани во месец декември (1 880).

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.1 годинa, односно 75.7 години кај лицата од женски пол, или за 4.6 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 53.9% случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 18.9%, па со 4.7% се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.1% од вкупно умрените.

Морталитет во Република Северна Македонија, по општини, во 2017 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на умрените лица е намален
за 0.5 % во однос на претходната година и изнесува 20 318 умрени лица. Поголем број се од машки пол, и тоа 10 554
или 51.9 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 201, а нивното учество во вкупниот број
умрени лица изнесува 1.0 % на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број случаи, 2 681, се забележани во месец јануари.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.1 година, односно 75.3 години кај лицата од женски пол
или за 4.2 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според
МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа во 55.0 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за
смртта се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 18.3 %, па со 4.8 % се застапени случаите кај кои причина
за смртта се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести (шифра Е00-Е90), а случаите кај кои причина за
смртта се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.2 % од вкупно умрените лица.

Морталитет во Република Северна Македонија, по општини, во 2016 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на умрените лица е
намален за 0.2% во однос на претходната година и изнесува 20 421 умренo лицe. Поголем број се од машки
пол и тоа 10 746 или 52.6% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 273, и нивното
учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.3% на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број на случаи (2 022) се регистрирани во декември.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70.3 години, односно 74.7 години кај лицата од женски
пол, или за 4.3 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем,
(шифра I00-I99) според МКБ-10 и тоа со 53.5% од вкупно умрените, потоа се јавуваат неоплазмите (шифра C00-
D48) и тоа со 19.0%, случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести
(шифра Е00-Е90) се застапени со 5.5%, а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот
систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.1% од вкупно умрените лица.

Морталитетот во Република Македонија, во 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, бројот на умрените лица е
зголемен за 3.8% во однос на претходната година и изнесува 20 461 умренo лицe. Поголем број се од машки
пол и тоа 10 562 или 51.6% од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 198 и нивното
учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1.0% на 100 умрени лица.

Според месецот на смртта, најголем број на случаи (2 105) се регистрирани во јануари.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70.4 години, односно 75.1 години кај лицата од женски
пол, или за 4.7 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем,
(шифра I00-I99) според МКБ-10 и тоа со 58.4% од вкупно умрените, потоа неоплазмите (шифра C00-D48) со
18.3%, случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-
Е90) се застапени со 4.3%, a случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра
Ј00-Ј99) се застапени со 3.7% од вкупно умрените.

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=7&rbr=2029

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...