8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонски печалбар во Швајцарија: Овде нема спиење по кафаните, овде се работи...

Македонски печалбар во Швајцарија: Овде нема спиење по кафаните, овде се работи по цел ден за да го заработиме она што го имаме

spot_imgspot_img

Ќе кажат – па сигурно вам ви е лесно. Заработувате одлична плата од 1500 евра месечно, возите убави автомобили, живеете во чисти и зелени средини, вашите деца одат на одмори каде што ќе посакаат, можат да си дозволат скапа и луксузна гардероба, скапи телефони, и се што ќе посакаат.

Но, реалноста е сосема поинаква. Многумина од оние кои живеат во Македонија, мислат дека животот во странство тече како мед и млеко и дека овде ние, што заминавме од нашата татковина сме свои на своето.

Тоа не е само што не е така, туку многумина од оние кои за жал заминаа од својот дом, не само што не уживаат во својот живот, туку работат целодневно за да успеат да го заработат она за кое вие мислите дека е многу лесно да се заработи. Јас сум дојден во Швајцарија пред 7 години и можам да ви кажам дека животот овде е убав и истиот има многу позитивни работи, но истовремено и негативни. Кои се позитивните?

Позитивните работи се што како што велат многу мои браќа и сестри од Македонија, ние можеме да си дозволиме да купиме квалитетна храна за семејството, што можеме да им обезбедиме подобро образование, подобро здравство, тоа што живеат во чиста и зелена животна средина со чист воздух, средина во која преовладува културата, средина во која луѓето се цивилизирани и знаат што сакаат да направат за себе и за својот живот.

Да, овде заработуваме по 1500 евра и тоа е навистина огромна предност ако се земе предвид фактот дека во Македонија се зема плата од 250 евра. Предноста овде е што твојот работодавец го цени твојот труд и за истиот си платен онолку колку што треба. Тоа е дополнителна мотивација за работа, која е многу напорна и целодневна.

Но, кои се негативните страни или ајде да кажеме оние на кои македонецот не е навикнат. Кај нас, во Македонија, сите се навикнати да бидат чести гости на кафаните со жива музика, каде што и покрај минималните плати кои ги земаат, секој Петок и Сабота се тепаат за маса во некое локално кафанче или ресторанче каде што има жива музика.

Нормално, од таму се упатуваат кон ноќниот клуб каде што се продолжува со прекрасната забава. Наредниот ден како по обичај се пие кафенце во некој од познатите кафулиња, каде што заедно со пријателите се споделуваат импресии од претходната ноќ и се прават планови веќе за следната ноќ.

Така отприлика изгледа еден викенд во нашата убава Македонија. Овде? Овде во Швајцарија драги мои тоа го нема. Овде луѓето работат од 7 сабајле до 5 попладне. После тоа се знае редот, следува вечера и одмор, како и подготовки за следниот напорен работен ден. Овде луѓето викендот знаат да го поминат со своите блиски покрај езеро, на ручек со семејството или пак одмарајќи во својот дом.

Овде локалните кафулиња се полни само со туристи, додека кај нас сите се навикнати да бидат дел од „кафе-шемата“, па да се удри некое фотче за на инстаграм, па таг кај си бил, со кого си бил, што си јадел и што си пиел. Тоа драги мои не носи подобар живот, не носи подобар стандард, не носи подобри животни навики.

Затоа кога ќе зборувате дека Вам ви е многу тешко, а нам многу лесно, запрашајте се како вие живеете, а како живеат луѓето во Швајцарија или други европски држави кои се нормално поразвиени од Македонија.

Платите во Швајцарија варираат врз основа на образование, искуство и локација.

Бруто платите изнесуваат: фризер 2601 швајцарски франци, цвеќар 3800 швајцарски франци, графички дизајнер 3800 швајцарски франци, столар 4018 швајцарски франци, работник во пошта 4031 швајцарски франци, пекар 4051 швајцарски франци,автомеханичар 4450 швајцарски франци, возач на автобус 4858 швајцарски франци, новинар 5551 швајцарски франци..

поглед

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...