12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПрофесорот Трајкоски: Вирусот е толку распостранет низ Македонија, што веќе ни маски...

Професорот Трајкоски: Вирусот е толку распостранет низ Македонија, што веќе ни маски не помагаат !!!

spot_imgspot_img

Професорот по теоретска механика на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“, Дејан Трајковски ги повикува здравствените власти веднаш да спроведат целосно затворање, затоа што вирусот е распространет насекаде и веќе никаква заштита не е од помош.

„Јасно ми е дека не им е гајле што народот масовно се разболува и умира, само не ми е јасно како не им е страв за нив самите и нивните семејства? Зар немаат ни еден постар во семејството или се толку сигурни дека се недопирливи? Зарем не сфаќаат дека ја преплавија државата со вируси и дека се индиректно одговорни за смртта на 1.400 луѓе? Со толку раширена циркулација на вирусот, повеќе не помагаат ни маски во затворени простории. Не помага ни одржувањето растојание, концентрацијата на вируси во воздухот е преголема и доволна е за инфекција дури и преку маски. Не е исто дали во просторијата има еден или десет заразени, со десет пати повеќе заразени и концентрацијата на вируси е десет пати поголема. Зар мислат дека сите што се заразиле се заразиле само поради лично невнимание?

Секое влегување во јавна затворена просторија веќе претставува ризик по здравјето и животот, затоа бараме да нé заштитат со тоа што ќе ги соборат бројките преку итен тотален локдаун, макар краткотраен. Самите повеќе не можеме да се заштитиме, колку и да сакаме“, порача професорот Дејан Трајковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...