2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаГАК излезе со соопштение: 22-годишната почината родилка од Ковид-19 двапати одби хоспитализација

ГАК излезе со соопштение: 22-годишната почината родилка од Ковид-19 двапати одби хоспитализација

spot_imgspot_img

Бремената 22-годишна пациентка која вчера почина во ГОБ „8 Септември“ имала
нерегулиран дијабетес и проблеми со тироидната жлезда. Утрото на 23 ноември ја
примиле во Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) со висока гликемија од
околу 30, а претходно, ноќта на 22 ноември, двапати доаѓала, но одбивала да биде
хоспитализирана, изјави директорката на ГАК, Викторија Јовановска.
Иако и било кажано дека е ризично за неа и за бебето, одбивала хоспитализација во
делот за ковид-пациенти, се почувствувала подобро по примената инфузија, за
следниот ден повторно да дојде на Клиниката во многу лоша состојба.
– Не сакала да остане зашто требало да боде хоспитализирана во делот каде што се
ковид-позитивните пациенти, а таа имаше негатиен тест. Меѓутоа, лабораторијата и
клиничката слика укажуваа на тоа дека таа е ковид-позитивна.

 

И покрај тоа, пациентката одбила хоспитализација и кога дојде на 23-ти утрото веќе
била со мртов плод и со многу влошена лабораторија, рече Јовановска.
Таа додаде дека пациентката била префрлена во шок-соба и наредниот ден (24
ноември) со царски рез ја породиле. Плодот од 4,3 килограми бил мртов. Бременоста
и била прва, но не одела редовно на контроли, а и дијабетесот зависен од инсулин не
бил регулиран. Додека била на ГАК била третирана мултидисциплинарно – од
ендокринололог, гинеколог и трансфузиолог.
Немала класични симптоми на вирусот, како температура и кашлање, но имала
гастринтестинални тегоби – нагони на повраќање и дијареја. Направен и е ПЦР-тест
кој покажал дека е позитивна.
На 26 ноември, 22-годишната родилка била префрлена во ГОБ „8 Септември“ каде
што вчера почина.
На новинарско прашање дали имало траги од семејно насилство, бидејќи на ГАК
дошла со крвавење од слузници, Јовановска одговори дека пациентката и семејството
биле прашани и негирале, и додаде дека крвавењето може да е и поради состојбата во
која била – покачени Д-димери, нарушена коагулација и абрупција на постелката.
Јовановска соопшти дека во ковид-одделот на ГАК досега хоспитализирале околу 310
пациентки од кои околу 180 се породени на Клиниката. Мал дел од нив завршиле во
ковид-центрите.
Бремените пациентки, рече Јовановска, обично имаат полесни симптоми доколку се
контролирани и ако се јавуваат навреме на лекар.
– Апелирам до сите трудници да ги слушаат советите на докторите. Во овој случај,
најверојатно немаше да зборуваме за ваков исход, и за бебето, и за мајката, доколку
пациентката го послушала советот на дежурната екипа. Тие ја молеле да остане, дури
и семејството, и не успеале, рече директорката на ГАК.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...