13.8 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаГраѓаните со блокирани сметки ќе ги добијат парите по Нова година,

Граѓаните со блокирани сметки ќе ги добијат парите по Нова година,

Граѓаните со блокирани сметки ќе ги добијат парите по Нова година, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, соопштувајќи дека се очекува процесот на исплата да заврши во јануари, но претходно измената на Законот треба да помине во Собрание. Според станува збор за околу 28.000 лица, кои треба да добијат по 6.000 денари.

Арсовски вели дека најголем дел од приговорите кои не биле прифатени се однесуваат на граѓани кои веќе добиле помош со претходниот сет на мерки. Досега се исплатени близу 23 милиони евра од планираните 27.

„За одбиени поединечни случаи може да се побараат од институциите од чии евиденции се преземени податоците за граѓани на кои им следува оваа помош, како Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување“, истакна Арсовски.

Тој ги демантира информациите дека извршителите им ги земале парите на граѓаните со блокирани сметки, зашто како што информира, законски извршител не може да наплати од потсметка.

На вчерашната седница Владата донесе Одлука за дополнување на Одлуката за отворање на посебна наменска сметка за лицата кои не ги ажурирале податоците до законски предвидениот рок и кои заради тоа не се најдоа на листата за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...