14 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаИтно е потребна крв за сложена операција -Црвен Крст Кавадарци повикува за...

Итно е потребна крв за сложена операција -Црвен Крст Кавадарци повикува за крводарители

Црвениот крст на Кавадарци денеска повика за крводарување за сложен оперативен зафат на кавадарчанец. Дарувањето крв ќе биде во понеделник во кавадаречкиот кабинет за трансфузиологија, од 9 до 13 часот.

Претседателот на кавадаречкиот Црвен крст Димитар Каракулев појасни дека се бара крв за сограѓанин, голем хуманист, кој другата недела ќе има сложена операција во една од приватните скопски болници. За него се потребни вкупно 8 крвни единици 0+ крвна група, првично 3, а за неколку дена уште 5 крвни единици за втор оперативен зафат.

– Измината 2020 година од предвидените 1184 крвни единици, што е годишен план за крводарителство за Кавадарци и Росоман, ја завршивме со рекордни 2088 реализирани крвни единици. Тоа е резултат на одличната соработка и организација на Црвен крст Кавадарци со Институтот за трансфузиона медицина, огромната хуманост на крводарителите од Кавадарци и Росоман, државните и приватните институции и компании, здруженија на граѓани, локалните самоуправи. Почит за сите крводарители и нивната хуманост, бидејќи хуманоста спасува живот, нагласи Каракулев.

 

Тој рече дека верува оти кавадарчани и росоманци повторно ќе ја докажат својата хуманост како и многу пати досега.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Доктор Арбен Таравари му го врати ефридолот на Артан Груби

На прославата на ВРЕДИ (ВЛЕН) во Тетово, Арбен Таравари се појави со Ефридол пред толпата, и му го врати на Артан Груби. Оваа битка започна...

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.