14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаВо 21 век пијат вода од бунари и селски чешми – системите...

Во 21 век пијат вода од бунари и селски чешми – системите за водоснабдување застарени и со мал капацитет

spot_imgspot_img

Водата од водоводот во делчевското село Стар Истевник не се пие. Во неа жителите наоѓаат песок што надоаѓа од планината. Оваа вода ја користат како техничка, а за пиење се снабдуваат од селските чешми. Проблемот настанува во лето, кога се случува да ја има само по еден час од денот. Едните ја користат за да си ги полеваат градините, други не си ги поправаат расипаните чешми по дома, за третите да останат без вода.

Борче и Симона Димитровски се меѓу ретките млади луѓе кои решија да го напуштат градот за да уживаат во селската идила. Но, уште во почетоците се соочиле со недостиг на вода. Цело време мислеле дека не доаѓа доволно вода во селскиот резервоар и дека водоводот не е добро поставен. Но, водоводот, како што забележуваат тие, има капацитет да ги снабди постојаните домаќинства во селото, кои се 20-тина на број.

Во резервоарот доаѓаат околу 90 метри кубни во период од 24 часа. Ова според Борче и Симона е повеќе од доволно да се задоволат потребите за нив и нивните соселани, но и на оние кои доаѓаат само за викенд или празници. Сепак, нерационалното искористување на водата, себичноста и ниското ниво на свест кај селаните го создава проблемот, забележуваат тие.

 

Проблемот со водата во ова село е стар и познат, уште пред педесетина години. Најчесто недостиг на вода се јавувал во периодот кога се одгледуваат градини и посеви.

 

„Водата во село Стар Истевник не се наплаќа бидејќи не е стопанисувана од јавното претпријатие. Поради тоа, селаните садат големи површини земја со култури како: грав, пченка, компир и сл. кои ги наводнуваат од водоводот. Покрај ова, на многу места има расипани чешми и вентили каде водата постојано си тече и така бадијала се испразнува резервоарот додека некои немаат вода ни раце да измијат. За предлогот да се даде водата на стопанисување на јавното претпријатие, селаните не сакаат ни да слушнат. За среќа во селото има пет селски чешми, па селаните од таму, со шишиња и туби, носат вода до своите домови за остварување на основните потреби“, ни раскажува младиот делчевски пар.

 

Кога решиле да живеат на село, ја повикале месната заедница на состанок за заеднички да разговараат за овој проблем и да изнајдат решение. Се организирале и работни акции за санирање на селскиот водовод. Во нив, со сопствена механизација учествувале помладите од селото и оние кои имаат потекло од таму, успевајќи да пробијат пат до зафатот и да го обноват. Помош добиле и од Општина Делчево, до која претходно доставиле официјално барање.

Радио Моф 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...