13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаГодинава комплетно ќе се рехабилитира патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица

Годинава комплетно ќе се рехабилитира патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица

Оваа година комплетно ќе се рехабилитира патниот правец Охрид-Ресен преку Галичица, што дополнително ќе придонесе за афирмација на регионот.

Ова го истакна градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски на вчерашниот Форум за унапредување на односите и меѓусебна координација на институциите за заедничко делување на заштитените подрачја национален парк „Галичица”, паркот на природата „Езерани”, Преспанското Езеро и островот Голем град.

На форумот беа презентирани и годишните програми за заштита на природата во ЈУНП „Галичица“ и ПП „Езерани“, како и програмата на МЕД која се однесува на нивните активности во Преспанскиот регион.

Забраната се однесува за регионалниот патен правец Р-2332 од село Царина до село Трпејца преку Галичица, стапува на сила на 15-ти ноември и важи до 1-ви април следната година.

Години наназад забраната за сообраќај во овој период од годината стана пракса, а од сезона во сезона Галичица станува се поатрактивна за вљубениците во планинарењето, односно алтернативните форми на туризам. Секоја зимска сезона, освен што е проблем чистењето на снегот и одржувањето на овој патен правец, истиот е сообраќајно небезбеден.

Стручните лица, но и рекреативците во повеќе наврати потсетуваат за ваква состојба, патот е тесен, со остри кривини и на делови уништена заштитна ограда. Но, засега никој не презема одговорност, ниту конкретни чекори за санирање на состојбата. (Крај)

извор: ОхридПрес

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...