14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Бојан Јованоски за да се кандитира за лидер, треба да биде...

Заев: Бојан Јованоски за да се кандитира за лидер, треба да биде активен член на СДСМ барем 5 години

spot_imgspot_img

За некој да се кандидира за претседател на СДСМ треба да има најмалку 5 години членство во партијата и да бил на афирмирани позиции, одговори лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прашање да ја коментира најавата на Бојан Јовановски Боки 13-ка да се кандидира за шеф на Социјалдемократскиот сојуз.

– Бандити и криминалци останува веројатно да прават шоу во делот на шоуто кое што и претходно го правеле. Процесите, поради тоа што премиер го пријавил случајот и поради тоа што премиер по сите основи не се ни осмелил да прифати барање да му се помогне на Боки 13, туку како и сите граѓани си одговара по основа на закон, по буквар како што се вели, како што и секој во државата треба да одговара. Веројатно се случуваат веќе вакви шоу од страна на шоуменот Боки 13, односно криминалец потврден со судска пресуда во овој дел. СДСМ има квалитетни кандидати. Секако, јас сум сегашен претседател на партијата, мојот мандат завршува оваа година, втор мандат имав чест да ѝ служам на оваа голема партија две години. Нашата постапка ќе почне набрзо во делот на кандидатурите и ќе зборуваме за тоа кој сѐ ќе бидат кандидати во СДСМ. Правилата се јасни – за да бидете претседател на СДСМ прво треба да бидете член на СДСМ, второ треба да имате барем пет години членство и тоа активно и на афирмирани позиции – рече Заев.

Според него, во партијата има плејада граѓани кои можат да се кандидираат.

– Јас сакам да имам противкандидати на изборот поради тоа што првпат сите членови на СДСМ бираат претседател на својата партија. Убаво е да имам противкандидат, тоа е демократски, тоа е право на сите коишто сакаат да се кандидираат – рече Заев, кој денеска во Тетово учествува на консултативен состанок со претставници од компаниите, локалната самоуправа и средните стручни училишта во градот како дел од процесот „Учи паметно, работи стручно“ за унапредување на стручното образование според потребите на реалниот сектор.

Во СДСМ во тек е процесот на реевиденција на членството. До синоќа се реевидентирани 50.000 членови. Процесот ќе трае до крајот на февруари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...