12.7 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаАпасиев се „здружи“ со ВМРО-НП, Демократски сојуз и ЛДП

Апасиев се „здружи“ со ВМРО-НП, Демократски сојуз и ЛДП

spot_imgspot_img

Пратеници од Деморатскиот сојуз, Левица, ВМРО-НП и ЛДП во Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со кој се предвидува земјава да биде една изборна единица на следните парламентарни избори, наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

Иницијативата наедно има и поддршка од СДСМ, иако сепак од таму велат дека ќе инсистираат на консензус при донесувањето на овој Закон, односно тоа да биде прифатливо и за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и коалицијата Алијанса/Алтернатива.

Меѓу четирите пратеници како претставници на овие партии беше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Медиумите му забележаа дека останатите три партии се дел од коалицијата на владеачкото мнозинство, но тој вели дека во ваква ситуација ќе се здружи со кој било кој го има истиот интерес.

– Левица е партија која безмалку имаше 40.000 гласови на минатите избори и сигурно останавме за тројца пратеници помалку поради тоа што нема една изборна единица. Во оваа ситуација за мене е прифатливо заеднички да настапувам со партии и од власта и од опозицијата, рече Апасиев.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека СДСМ ќе даде поддршка на предлогот на помалите политички партии за избор на пратеници во една изборна единица како предизборно ветување.

– Ние сме за една изборна единица. Уште еднаш напоменувам тоа е унапредување на демократијата и давање шанса на помалите партии, особено, посебно што во државата покрај помали политички партии, имаме и политички партии со етнички признак. Така што тоа дава поголема шанса за поголема застапеност во самиот Парламент, рече Заев.

Тој додаде дека има некакви сигнали дека и опозициската ВМРО-ДПМНЕ би разговарала за ова прашање, бидејќи поголемите партии можеби ќе изгубат малку, но државата ќе добие многу.
Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...