2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаМоравме да бараме врски за да ја примат мојата сестра со 39...

Моравме да бараме врски за да ја примат мојата сестра со 39 температура: Охриѓанка ги обвинува вработените во охридската ковид болница. СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

spot_imgspot_img

Врските, а не клиничката состојба и симптомите, се причината поради која што денеска сестра ми беше примена во болницата во Охрид, вели за „Слободен печат“ Снежана Билко чија сестра имала покачена телесна температура и снижена сатурација, но сепак според кажувањата на семејството, не добила болнички кревет и хоспитализација додека не пронашле врски.

-Татко ми има 76 години и денеска е хоспитализиран, откако пред два дена го вратија со образложение дека му спаднала температурата. После два дена борба денеска го задржаа иако очекуваме резултати од тестот. Сестра ми која има 50 години и живее со татко ми, се бори три дена дома. Денеска ја вратија, отиде во болницата и ја вратија со образложение дека таква им е процедурата, а тест и закажаа дури во понеделник. Отиде едвај со такси и со 39 степени температура. Прима спрејови за дишење и има прележано три пати запаление на белите дробови. Во охридската болница ја вратија, не ја прегледаа, не и дадоа ниту инфузија. Само ја препратија да се врати дома, да направи крвна слика утре, па да се види како понатаму. Во моментов сестра ми има 40 степени температура и оди повторно сама со такси. Но, најдовме врски за да ја примат. Срам да им е! Дали пациентите се примаат во болница само на умирање? Сега во моментов е на интерно и прима инфузија со падната сатурација, додаде Билко.

за повеќе детали тука… Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...