13.8 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаТрогателно: На 38 годишна возраст почина самохрана мајка на три дечиња од...

Трогателно: На 38 годишна возраст почина самохрана мајка на три дечиња од Теарце

Денес во Теарце почина, самохрана мајка на 38 година, која пред три месеци го прележана коронавирусот, веста за смртта на својот фејсбук профил ја сподели пратеникот Влатко Ѓорчев.

Неофицијално, починала од тромб, од згрутчување на крвта, ама тоа ќе го потврдат и утврдат лекарите, напиша Ѓорчев на фејсбук.

Видете на нејзиниот Фејсбук каков човек беше. Видете ги нејзините постови последниве месеци. Видете каков добар човек беше Верица.До денес, до последниот ден постираше и пишуваше да се помогне на луѓе, особено на семејствата со мали деца. Последниот одговор на Верица е од денес, само 2 – 3 часа пред да почине, а тоа е одговор на вчерашниот пост за помош на мали деца, додава тој во својот фејсбук статус.

Патувај кон небото, македонска душо. Ние ќе ги продолжиме твоите македонски идеали и ќе бидеме тука за твоите 3 мали ангели што ги остави зад себе, завршува Ѓорчев во својот статус полн со тага и болка..

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...