16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаЛевица: Итно да се санкционира директорот Османи и да се отстрани еднојазичната...

Левица: Итно да се санкционира директорот Османи и да се отстрани еднојазичната табла во Кичево

spot_imgspot_img

Директорот на НУЦК „Кочо Рацин“ од Кичево, Мазлам Османи,  демонстрира  врвно непочитување кон државата и институцијата со која раководи. Покрај тоа што на официјалните плакати и други материјали веќе некое време избегнува да го напише името на установата, па место НУЦК „Кочо Рацин“ на истите стои само Центар за култура-Кичево, сега искажувањето на своето непочитување го има подигнато на повисоко ниво, се вели во реакцијата на Левица.

„Деновиве  во библиотеката е поставена еднојазична табла “Republika e Shqipërisë”, во функција на патоказ до место на кое се поставени два компјутери преку кои граѓаните можат да добијат информации од Државниот архив на Албанија, а со димензии и дизајн небаре таму е сместен државниот архив на соседната држава.

Станува збор за груба провокација преку уште погрубо кршење на законите. Двојните аршини, неспособноста на власта да организира владеење на правото на својата територија резултираат државни чиновници да се закануваат со казни какви што не се предвидени со ниту еден позитивен закон во државата.

 

Непочитувањето на Законот за употреба на грбот, знамето и химната од страна на функционерите на ДУИ е пракса која со години се толерира, додека парадоксално претседателот Пендаровски инстантно реагира кога е во прашање непочитување на симболи на други држави“, соопшти Левица и побара итно санкционирање на директорот Османи и отстранување на еднојазичната табла.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Максим со отворено писмо до јавноста !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!

Боки 13 добил закана „да замолчи“…

Бојан Јовановски на социјалните мрежи се пожали дека добил притисоци од Кичеец преку две лица, пред неговото најавено второ по ред гостување кај јутјуберот...

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...