6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЉупчо Николовски пресече: Еден министер не смее да изеде повеќе од...

Љупчо Николовски пресече: Еден министер не смее да изеде повеќе од 1.500 денари во ресторан.

spot_imgspot_img

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба со корупцијата, денеска рече дека со владината одлука за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски услуги, работниот ручек на еден министер ќе може да изнесува најмногу 1.500 денари.

– 1.500 денари ќе може да потроши министер за работен ручек, а 1.000 денари заменик министер. Мора да има писмена резервација за работниот ручек со потврда и писмена информација за бројот на поканети лица, природата и целта на состанокот. Воспоставена е целосна постапка од писмена резервација до извештај зошто е закажан ручекот. Сериозно се ограничени привилегиите и се зголемува транспарентноста. Граѓаните ќе знаат на каков работен ручек бил одреден министер, рече Николовски.

Тој додаде дека истовремено во Владата се разговара за трошењата во делот на службените возила. Вели дека се унифицирани сите правила за трошењето на основа на ревизорските извештаи во овој дел.

Владата со одлуката пред два дена ги ограни трошоците за услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци, со што точно е определен износот што може да се користи по лице присутно на работниот состанок, а ограничувањето на износот е во зависност од функцијата на лицето коешто го организира работниот состанок.

Истата има широк опфат со кој се опфатени Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, замениците претседатели на Владата, министрите, замениците министри, генералeн секретар на Владата, заменик на генералниот секретар, државни секретари, сите директори на институции, како и лицата избрани и именувани од Владата кои раководат со правните лица основани од државата.

Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...