14.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЛевица поднесе кривична пријава против Џафери и пратениците заразени со корона вирус

Левица поднесе кривична пријава против Џафери и пратениците заразени со корона вирус

spot_imgspot_img

Политичката партија Левица денеска соопшти дека нивните двајца пратеници, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднеле кривична пријава против претседателот на Собранието – Талат Џафери, како и двајцата пратеници, Бисера Костадинова-Стојчевска и Мирослав Богдановски од Скопје.

Како што појаснија од партијата Левица, пријавата против Џафери, Костадинова-Стојчевска и Богдановски била поднесена до Државниот санитарен и здравствен инспекторат поради прекршување на мерката строга изолација, како и кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

„Тројцата се теретат дека, со умисла и по претходна меѓусебна координација, сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (казниво по чл. 206 од Кривичниот законик), како и обид за „Пренесување на заразна болест“ (чл. 205 од КЗ) врз останатите пратеници, со елементи на тешки дела против здравјето на луѓето.

Дополнително, со таквото свое дејствие, предизвикале став и несигурност кај пратениците и кај јавноста, но воедно го довеле во прашање животот и здравјето на народните избраници и на нивните семејства, а со тоа и нормалното функционирање на институцијата Собрание на РМ – како централен државен орган и единствен уставен носител на законодавната власт во Републиката. Сето ова го договарал и знаел и собранискиот спикер – третопријавениот Џафери, но истиот не само што не сторил ништо за да го спречи, како најповикано одговорно службено лице со дадени овластувања со Законот за Собранието на РМ и со Деловникот на Собранието на РМ, туку истиот и го организирал овој опасен биохазарден експеримент, кој може да го парализира нормалното работење на законодавниот дом во целина!

Очекуваме од ОЈО Скопје да постапи во поднесената пријава во најбрз можен рок, како и во другите случаи на прекршување на мерката домашен карантин на лица позитивни на коронавирусот, со што би ставил до знаење дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите“, стои во соопштението на Левица.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...