9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСефер Цаноски: Пред 10 години на ден Рамазан Груевци ми направија огромна...

Сефер Цаноски: Пред 10 години на ден Рамазан Груевци ми направија огромна штета !!!

spot_imgspot_img

Бизнисменот Сефер Цаноски во последно време пишува моќни статуси кои најчесто се предмет на бројни коментари.

Тој неодамна напиша моќен статус, во кој вели дека е поголем Албанец, Турчин, Македонец и Торбеш од многумина кои така се изјануваат, а објасни и зошто.

„Моја суетна Македонијо. Не очекував дека ќе разгорам толку многу страсти со моите отворени и искрени размислувања. Но, на “патриотите” кои живеат во државава (од повеќе етникуми) би сакал да им порачам да пробаат да ја сакаат оваа наша држава Македонија како што ја сакам и јас.

Јас сум поголем Албанец од некои што се пишуваат албанци и ги почитувам повеќе од тие самите што се почитуваат. Затоа што мојата мајка е Албанка.

Сум поголем Турчин од некои што се пишуваат Турци и ги сакам и почитувам и имам добра причина за тоа. Затоа што мојата жена е Турчинка.

Сум поголем ТОРБЕШ од некои на кои најголем успех и придонес за истите им е што ставиле слика на Фејсбук што се. Затоа што мојот татко, мојот дедо и цела моја лоза сме биле и ке останеме Торбеши.

И да, се чувствувам дека сум поголем Македонец од многу македонци “патриоти ” поради мојот личен и институционален придонес со децении во нашево и за нашето мултиетничко општество.

Од Загреб па натаму во европа и светот, никој не се замара кој е и што е. Овде, во овој иск рва-вен дел од балканот со еден куп зло, војни и братопредавства, никако да пораснеме.

21 век и скоро четвртина дојде, нашите генерации треба да бидеме граѓани на светот и да имаме космополитни сваќања. Ако некој сака да ја види реалноста со поинакви очи, јас немам време за тоа. Светот оди напред.

Ние како општество – мултиетничко и специфично со богати култури и различности или ќе го искористиме тоа и ќе се држиме заедно и ќе гледаме напред или ќе си патиме уште долго.

Сакавте слобода на изразување , се изборивме за тоа , бидете тие што сакате да бидете. Јас како ќе се пишам или како се чувствувам тоа е моја лична и приватна работа. Јас реагирам кога ќе видам поделби, корист и злоупотреба на мојот народ.

Велам мојот народ мислам на сите кои живеат во нашава држава а не во Будимпешта. Овде има НАРОД кој е чесен и јас верувам дека еден ден ќе се свестиме и ќе тргнеме напред кон поквалитетни вредности и подобар живот.“

Уште еден негов статус, предизвика внимание на социјалните мрежи, а тоа е неговото потсетување што им се случило на прв ден Рамазан пред 10 години:

„На прв ден рамазан пред 10 години не рушеа со динамит. Штета направена од времето на Груевски не чинеше многу.
И во материјална, но уште повеќе морална смисла, посебно кога ги слушавме аудио разговорите како се изживуваше врз мојот татко Фијат цаноски.

Големи удари тешко се издржуваат. Но сакам да им честитам на цела моја фамилија посебно на моите родители што
10 години после одекот на динамитот исто како тогаш на прв ден рамазан, го затворивме и последниот кредит од ова време, додека нашите компании повторно го имаат истиот курс на раст и развој, вратени во А категорија каде што секогаш припаѓале.

Никогаш не ја загубивме вербата во она што го правиме. Нема да ја загубиме вербата и правдата ќе ја бараме до крај, нека поминат уште 10 години ако треба, правда и разрешница за ова злодело мора да има.“

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...