2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСе бараат затворски казни за Мијалков и за „алфите“ кои го апсеа...

Се бараат затворски казни за Мијалков и за „алфите“ кои го апсеа Љубе Бошковски

spot_imgspot_img

Согласно меѓународното право и пракса сметам дека во конкретниот случај единствено изрекување на ефективни казни затвор ќе делуваат одвратувачки на сите идни можни сторители, наведе во завршен збор за случајот „Тортура” јавниот обвинител Љубомир Лапе, а кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година.

Случајот „Тортура” го води судијката Александра Ристеска. Во него првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, заедно со уште шест други лица.

Во завршен збор, Обвинителот нагласи дека од сите изведени материјални и вербални докази се докажало дека обвинетите ги повредиле нормите на етичко и морално однесување и го сториле делото „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување” од член 142 став 1 в.в. со член 23 од Кривичниот законик. За ова дело се предвидени казни затвор од три до осум години.

-Предлагам судот обвинетите да ги огласи за виновни и казни според законот, при што да ги цени сите околности од член 39 од КЗ, па како отежнителни околности да го цени степенот на кривична одговорност, односно дека делото е сторено по претходно планирање и ладнокрвно. Побудите од кои е сторено делото, кои во целост отстапуваат од нормите на општоприфатено поведение, јачината на загрозување и повредата на заштитеното добро, како и последиците од делото, нагласи обвинителот Лапе.

При извршување на делото, рече тој, со директна умисла е понижен Љубе Бошковски, кој настан е снимен, а потоа и јавно прикажуван на сите телевизии, поради што последицата е непоправлива и неотстранлива.

Повеќе >> lokalno.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...