12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОсмани: Само на сон Северна Македонија ќе успее без Бугарија...

Османи: Само на сон Северна Македонија ќе успее без Бугарија…

spot_imgspot_img

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одбива да даде одговор за тоа каков придонес би дала Валентина Божиновска за Стратешкиот совет за надворешна политика.

„Ја споменувате г-ѓа Божиновска. Таа не е дел од Советот. Од многу причини не е дел од советот. Ќе зборувам само за оние кои се дел од Советот, иако списокот не е конечен “, рече Османи синоќа во емисијата „КликПлус“ на ТВ21.

Поранешната функционерка на претходната власт првично беше именувана за еден од 26-те членови на Стратешкиот совет за надворешна политика, како советодавно тело на Министерството за надворешни работи.

Изборот на актерката како одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи предизвика негативни реакции во јавнсота, откако во фамозната ноќ на протестот пред Државната изборна комисија во 2016 ја употреби фразата „вечер на ножевите“.

Божиновска истиот ден изјави дека нема да може да биде дел од Стратегискиот совет на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, поради здравствени причини.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера во дебатниот магазин „Click plus“ на ТВ21 изјави дека патот на Македонија кон Европската Унија поминува низ Софија.

„Така е. Вистина е. Одлуката се носи со консензус. Без одобрување на Бугарија не може да има одлука. Ние можеме само да сонуваме дека оваа одлука ќе биде донесена без одобрувањето на Бугарија.

Тоа не може да се случи и затоа се залагаме да ги убедиме пријателите од бугарската страна дека Договорот кој го изградивме има добра основа за градење на нашите односи и за надминување на разликите.

Тие имаат потреба од дополнителна гаранција дека ние нема да бегаме од договорот“, рече Османи.

 

 

Во Договорот за добрососедство направен е компромис во делот заедничка историја. Во Договорот, членот 8 предвидува „заедничка историја“, тоа значи да се формира Комисија за историја која врз основа на историските факти ќе изнајдат заеднички решенија во делот на заедничката историја.

 

 

Сега тука имаме дилеми во интерпретацијата, дали заедничката историја е иста историја или заедничка историја. Како и да е, јас сметам дека тоа е добра основа за да одиме напред заедно, порача Османи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...