16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЗдравје и убавинаТрагедија - Се удави голманот на Ракометниот Клуб Охрид -Никола Даниловски

Трагедија – Се удави голманот на Ракометниот Клуб Охрид -Никола Даниловски

Денеска голманот на ракометниот клуб Охрид и воедно репрезентативец на Македонија Никола Даниловски (26) се удавил под неразјаснети околности.

Голманот исчезнал околу 09.00 часот после тренингот на неговата екипа, а во текот на утринските часови во водите на Охридското езеро било пронајдено неговото безживотно тело.

Како што информиаат од охридската полиција немало траги од насилство. Се водел како исчезнат од синоќа, а по него интензивно трагале полицијата, соиграчите и блиските пријатели.

Поради трагичната смрт на овој голман, одложен е вечерашниот натпревар од Суперлигата помеѓу Охрид и Струга. Претходно настапуваше уште за екипите на Металург и Е. Пелистер.

Овој чувар на мрежата ги помина сите младински репрезентативни категории, воедно се наоѓаше на поширокиот список на репрезентативци на сениорската репрезентација кај Данило Брестовац и Кирил Лазаров.

 

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...