2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЕмануел Макрон до Заев: „Заслужувате да ги почнете преговорите со ЕУ“

Емануел Макрон до Заев: „Заслужувате да ги почнете преговорите со ЕУ“

spot_imgspot_img

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вечерва се во Париз на работна средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Таа посета е по повод одбележувањето на 28 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Македонија и Франција.

„Посебна чест е да ја оствариме оваа работна вечера во Елисејската палата со претседателот Макрон и со тоа ја изразувам мојата голема благодарност, во име на Владата и граѓаните на С. Македонија“, изјави премиерот пред Елисејската палата, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон.

 

Тој посочи дека денешната средба гo збогатува нашите билатерални пријателски врски, во годината кога одбележуваме 28 години од воспоставените дипломатски односи со Република Франција.

„Посебно место во развојот на македонско-француското пријателство има и претседателот Макрон, со неговата јавна поддршка за Договорот од Преспа. Пред нас е самитот на ЕС во јуни и тој е вистинска можност за чекор напред и решение за оттргнување на блокадата на нашиот европски пат. Дијалогот носи решение“.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека Македонија заслужува да ги почне преговорите.

„Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување“, изјави Макрон вечерва на средба со премиерот Заев во Париз.

Пред ветото од Бугарија, Македонија се соочи со вето од Франција. Оваа земја не дозволи Македонија и Албанија да ги почнат преговоирте.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...