6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаНа местото од Мрме, Боби Милевски ќе биде новиот македонски селектор- Канатларовски...

На местото од Мрме, Боби Милевски ќе биде новиот македонски селектор- Канатларовски ја презема младата репрезентација!

spot_imgspot_img

Творецот на златната македонска фудбалска генерација, онаа која не однесе до историското прво репрезентативно учество на едно европско првенство во Полска – 2017 година, и истата таа која е темел и на актуелниот сениорски состав на ЕВРО 2020, Благоја Милевски ќе биде новиот македонски селектор! Пишува: Ekipa.Mk

По веќе официјалната потврда за повлекувањето на актуелниот селектор Игор Ангеловски за кого дуелот со Холандија во Амстердам беше последен, во Фудбалската федерација на Македонија активирани се плановите за негов наследник, но сосема е јасно дека првиот и единствен пик е Боби Милевски. „Сер Боби“ – личноста за кого повеќе од познати се речиси 80% од актуелните репрезентативци кои минаа низ неговите раце, како Елмас, Барди, Николов, Велковски, Муслиу, Бејтулаи, Шишковски, Јанков, Аврамовски, Чурлинов, Милан Ристовски…, единствен, се чини, кој може да го продолжи европскиот пат на оваа генерација.

„Сакам да се заблагодарам на македонската јавност за поддршката досега. Да се заблагодарам на Пандев и на овие момци што ни овозможија една ваква радост. Ова е моја последна професионална обврска како селектор на Македонија, и последна прес-конференција како селектор. Мојот договор со ФФМ завршува, oставам на оние кои ќе дојдат по мене да прават и подетални анализи околу тоа кој од фудбалерите овде на ЕВРО задоволи а кои потфрлија, и понатака да одлучуваат кој ќе го носи репрезентативниот дрес“ – рече Ангеловски и на денешната прес-конференција во Амстердам, најавувајќи дека Македонија наскоро ќе има нов селектор.

До крајот на актуелниот месец се очекува да бидат финиширани меѓусебните разговори, и Благоја Милевски, според нашите информации, и официјално во следниот месец да биде промовиран како нов македонски селектор кој од септември ќе го води тимот низ квалификациите за Светското првенство 2022.

Со Милевски, во сениорскиот стручен штаб, се очекува да продолжат сите негови актуелни соработници од младата репрезентација, а клупата на селекцијата до 21 година треба да ја преземе поранешниот македонски селектор Драган Канатларовски кој веќе и беше вклучен во работата со македонските надежи.

Извор:Ekipa.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...