9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаХуманитарецот Александар Ѓоргиевски: Од срце им направив дом, за на крајот да...

Хуманитарецот Александар Ѓоргиевски: Од срце им направив дом, за на крајот да ме изиграат?!

spot_imgspot_img

„На овој народ колку и да сакаш да помогнеш колку ли од себе да даваш максимум пак не можеш да погодиш, арно викаат старите каков е народот таква е и државата“. Вака почнува статусот на Фејсбук на Александар Ѓоргиевски од Штип, кој само сакаше на три дечиња да им помогне да имаат достоинствен живот. Со донации успеа да направи и комплетно да ја среди куќата на семејство од Штип, но по три месеци сопругот и свекорот ја избркаа мајката со три деца од домот. Во моментов, вели Александар, мајката со децата е кај нејзината мајка, но, како што вели тој, не секому му се помага, не секој заслужува да му се помогне.

-Криво ми е и чувствувам одговорност што вклучив толку народ за да им помогнеме. Мислев дека направив нешто за три дечиња да живеат достоинствено. Но, не било така. Сега мајката со децата е кај нејзината мајка, а ние цела покуќнина што можевме да земеме и однесеме земавме од кај свекорот и мажот и однесовме кај мајкагта. А направивме цела кука, нов тоалет, ходник, фасада, кров, врати, настрешници, прозорци, комплет се за дојстојно живеење. Се направивме за децата, греота за нив. Навистина се што направив направив за децата. Не сакам да навлегувам во нивните семејни проблеми. Институциите се на потег, бидејќи е претажно за децата. Јас се дадов од себе за да живеат човечки. И мене ме избрукаа, зад мене стоеја луге. Се што беше донирано, кујна, комода, греалица, шпорет, фрижидер, теписи и друга покуќнина, се земавме и однесовме кај мајката, вели Александар, кој ни дозволи и да го објавиме неговото разочарување искажано на Фејсбук, а кое ви го пренесуваме во целост.

-Цел град ангажираш да помогнеш да згрижеш три малолетни деца на снегови на дождови се ангажираат мајстори од Велес од Штип по 24 саата на ден рмбање и мака замислите свекорот и снаата се скарале и човекот ни два ни три ги пуди своите внуци заедно со мајката на улица . Не навлегувам кој е крив кој е прав штета е за тие три малолетни деца и штета е за сите нас што се вклучиме од срце да помогнеме .Сакам јавно да се извинам на сите хумани луѓе што се вклучија и од срце помогнаа на оваа фамилија ова ке ми е школо за у иднина дека не е секој за помош тоа е факт. Искрено сум многу разочаран и ве молам за ваше мислење како би постапиле вие да сте на мое место сериозни пари се таму вложени се што е внатре од кревет кујна телевизор комода перална фрижидер пегла фритеза микро миксер провосмукалка тостер табуретки детско креветче шпорет камин и многу други работи ке биде дадено на мајката Елена бидејки се што е донирано е донирано за тие деца но што правиме со просторот кој го реновиравме комплет со се клучевите од собата од вратата се кај мене не можам да бидам паметен и јас што да правам .

Се надевам овде ке се вклучат и сите институции на помош и сите заедно ке го решиме овој проблем јас не зазимам страна нити ја бранам мајката нити го напаѓам свекорот овие луѓе дефинитивно треба сериозно да сносат одговорност за своите постапки добив информација дека таа куќа е дивоградба и дека не е ни легализирана од страна на свекорот и дека само за струја на име на свекорот има долг од над 6000 евра се надевам институциите ке си ја проверат оваа работа ке утврдат дали е тој сопственик на тој имот за понатаму да се постапува по закон како што треба . Сакам да ја известам јавноста и сите луѓе што помогнаа хуманитарно за изградбата на куќата во населба Железничка дека денес од собата се што беше донирано е изнесено и е предадено на мајката на трите малолетни деца Елена собата е испразнета 100 % да се надеваме у иднина дека ке најдат заеднички јазик и со ладни глави ке донесат паметна одлука у интерес на тие три невини деца .

У меѓу време клучевите од собата ке се кај мене свекорот не правеше никакви проблеми ми потенцираше и ако сакам можам да извадам се што е направено и врати и прозори и кров и фасади јас ја одбив таа работа не сакам да рушам нешто што е правено од срце и со многу мака и пари ке чекам да се смират страстите и се надевам со ладни глави ке успеат да најдат заеднички јазик од нивните постапки треба да сватат дека страдаат децата .

ММС

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...