2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаРСБСП: Родители, не им ги давајте автомобилите на матурантите! (ВИДЕО)

РСБСП: Родители, не им ги давајте автомобилите на матурантите! (ВИДЕО)

spot_imgspot_img

Сообраќајната статистика и искуствата од минатите години покажуваат дека во деновите кога се организираат матурските прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди.

„Не си фраер ако загинеш на матура!“ „Покажи ја матурата на дело!“ „На матурска прослава, без автомобил!“ се пораките со кои Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) им ја честита матурата на сите матуранти.

Славењето на матурата е посебно важна за секој матурант, за неговото семејство, за неговите најблиски. Од секогаш овој настан предизвикувал посебна возбуда кај матурантите и нивните најблиски. Важноста на настанот никој не ја оспорува. Она што загрижува е начинот на кој се прославуваат матурските вечери: се организираат автомобилски трки, се управува моторно возило без возачка дозвола, се управува моторно возило под дејство на алкохол, се беснее по улиците, се прават фотографии и видео записи и се постираат „луди Фејсбук статуси“ додека се управува со возилото. Ова, дефинитивно не е вистинскиот начин да се демонстрира матурата на дело.

Сообраќајната статистика и искуствата од минатите години покажуваат дека во деновите кога се организираат матурските прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Голем дел од учесниците во незгодите се млади луѓе – матуранти, кои најчесто во незгодите завршуваат со тешки телесни повреди, а не ретко и го губат својот млад живот.

Неколку трагични настани од минатите години, сообраќајни незгоди со загинати и повредени матуранти ја потресоа цела држава. Дали конечно се извлечени поуки?

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...