15.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаБочварски од Дебар: За четири години изградивме над 1.000 километри патишта, а...

Бочварски од Дебар: За четири години изградивме над 1.000 километри патишта, а ВМРО-ДПМНЕ за 11 години само 650 километри.

spot_imgspot_img

Кога ќе не прашаат од ВМРО-ДПМНЕ што направивте за четири години, ние за тие години изградивме и рехабилитиравме патишта преку 1000 километри за разлика од вас што за 11 години изградивте и рехабилитиравте само 650 км патишта, рече на трибината „Најдоброто за нашата општина“, Претседател на комисијата за транспорт и врски и министер за транспорт и врски, Благој Бочварски.
-Илјада километри наспроти 650 км, четри години наспроти 11 години, тоа е ефектот од посветената работа на оваа влада. Не застануваме овде бидејќи сите знаеме дека е потребен развој на државата и знаеме дека државата се движи, а се движи по правиот пат, рече тој.

Бочварски најави изградба на нова социјална зграда во Дебар летово, бидејќи според него тоа се вистинските потреби на граѓаните, тоа се 46 станбени едниници за граѓани кои што тоа им е најпотребно.

-Планираме 660 нови станови за над 660 семејства пријатели на кои тоа им е потребно, затоа што оваа држава мора да биде еднаква за сите, овие општини, градови и села мора рамномерно да ги развиваме, не смееме да градиме само во Скопје, потебно е да се развиваз цела Македонија. Затоа велиме патишта наместо споменици, гасоводи наместо фонтани, водоводи и канализации намест офасади и барок, тоа е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, рече Бочварски.

Тој потсети дека СДСМ како партија го исполни ветувањето, и земјата е веќе дел од НАТО.

-Ветивме дека ќе влеземе во НАТО и затоа денеска државата е безбедна и сигурна, со другата власт никогаш немаше да имаме сигурни граници, рече Бочварски..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...