11.7 C
Ohrid
недела, април 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСилјановска: ФФМ да стане МФФ, оти Преспанскиот не ја забранува придавката „македонска“

Силјановска: ФФМ да стане МФФ, оти Преспанскиот не ја забранува придавката „македонска“

spot_imgspot_img

Предлагам акронимот ФФМ да стане МФФ, оти Преспанскиот не ја забранува придавката „ македонска“. Ако има МКД, може да има и МФФ односно „македонска фудбалска федерација“, како и македонска фудбалска репрезентација, напиша професорката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на Фејсбук.

„Поврзувањето на кратенката со државата, заради некоја исплата од Агенцијата е пофалба на глупоста и лудоста, оти спортот не е државен, туку народен и граѓански феномен, Ама, ова не важи во земја БУДАЛИЈА, како „нашава“.

Наместо спортот и фудбалот да им припаѓаат на фудбалерите и навивачите, во него се вгнездиле – политичарите! Што бара министерот за надворешни работи кај првиот човек на фудбалот? Можеби го третира како амбасадор на фудбалот!?! Ама, ЧИЈ“, запраша Силјановска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...