14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаСветЃоковиќ: И јас сум човек од крв и месо, плачам многу, но...

Ѓоковиќ: И јас сум човек од крв и месо, плачам многу, но тоа не го покажувам и вие не можете да го видите

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е вистинска сензација на Олимписките игри во Токио. Сите спортисти со нетрпение очекуваат да го запознаат и да направат фотографија со него.
Големиот шампион игра под притисок да го освои првиот златен медал во својата кариера. Со тоа ќе ја комплетира мисијата и ќе стигне до одличјето кое му фали на патот до титулата „најдобар на сите времиња“.

„Јас плачам многу, но тоа не го покажувам и вие не можете да го видите. Олимписките игри, претставувањето на вашата земја на нив, секогаш ги зголемуваат очекувањата, притисокот расте, како и мојата емоционална „вклученост“. Всушност, сите тенисери, сите спортисти можат да се согласат со тоа“.

Тоа е еден поинаков вид на енергија. Кога ќе дојдете на Олимписките игри и ќе ја претставувате својата земја, не е како кога одите на друг турнир. На крајот на краиштата, игрите се одржуваат на секоја четврта година. Затоа значењето на настапот на нив е толку важно“, вели Ѓоковиќ.

Најдобриот тенисер на денешницата успешно ја мина првата пречка во Токио. Поради откажувањето на многу фаворити патот до златото му е отворен, но со тоа притисокот и очекувањата од него значително се зголемија во очите на јавноста.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...