8.4 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаВМРО се налути: Ќе поднесеме кривични пријави за Стојанче и Заев за...

ВМРО се налути: Ќе поднесеме кривични пријави за Стојанче и Заев за пожарите во Кочани.

spot_imgspot_img

Пожарот во Кочани, беше причина за „препукувања“ меѓу власта и опозицијата утрово со соопштенија. Ако за опозицијата пожарот во Кочани ја покажал целата нсеспособност на власта, за власта Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се солдирани против пожарите.

Правната служба на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави до власта поради
непостапување и ненавремено спречување на пожарот во Кочани, соопшти денеска
портпаролот на партијата – Димче Арсовски. Тој побара одговорност и итни оставки за
надлежните функционери, почнувајќи од директорот на Центарот за управување со кризи –
Стојанче Ангелов, па до премиерот Зоран Заев.

„Катастрофалната реакција на власта во случајот со пожарот во Кочани ги загрози имотите и животите на граѓаните.

Да биде срамот поголем додека граѓаните со голи раце ги бранеа своите домови од огнената стихија, претседателот Пендаровски им вети дека после еден ден ќе испрати хеликоптери да помогнат во гаснењето.
Мизерија и тотална неспособност.

Додека власта организира приватни забави на Мечкин Камен загрозени се животите и имотите на граѓаните, па и цели населени места, а елитата мува не ја лази.

Цел ден од Кочани доаѓале апели и молби да им се помогне и да им се испрати хеликоптер за гаснење на пожар, но биле одбивани.

Да бевме нормална држава и да имавме доблесни функционери, утрово ќе имаше дузина оставки на директори, министри и одговорни. Но за жал не сме.
Оваа власт освен што покажа дека е потполно неспособна, покажа дека може да биде полоша од катастрофа за граѓаните. Најмалку две години не се сервисирани три авиони за гаснење пожар, затоа што тоа чинело 300-400 илјади евра.

А колку чини штетата или не дај Боже изгубен живот? Колку чинат прославите и настаните? Само за кондоми и лубриканти во една година потрошија 2 до 3 пати повеќе средства. Само за нови службени возила потрошија десет пати повеќе пари.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се огласија и од СДСМ со соопштение:

Системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, граѓаните се солидарни, медиумите одговорно информираат, соседите, сојузниците нудат помош.

Само и само ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, шири невистини, напразно и неосновано критикува.

Тоа е загубената ВМРО-ДПМНЕ која нема идеја како да делува, нема што да им понуди на граѓаните.

Системот функционира, ситуацијата е под контрола. Пожарите не се политичка тема.

Надлежните институции будно ја следат состојбата и делуваат.

Државата е тука за граѓаните, нивната безбедност и сигурност е на прво место!“, соопштија од СДСМ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...