13.3 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаUncategorized @mkСведоштво на македонска докторка: Доаѓаат со температура а велат од "климата ми...

Сведоштво на македонска докторка: Доаѓаат со температура а велат од “климата ми е”

spot_imgspot_img

“Не ми е ништо докторке, од швепсот ми е, дај една инекција” – често слушана реченица кај лекарите.

Не е лесно да си лекар, посебно во време на пандемија но и во време кога многу граѓани не веруваат во вирусот и покрај пустошот што го остава зад себе, многуте починати и заразени лица. Дека и покрај по повеќе од една година дел од луѓето не ја сфаќаат сериозно болеста, покажуваат секојдневните изјави и сведоштва од оние кои од самиот почеток се на првата борбена линија. Доктор Мариа Атанасова сведочи за нејзините искуства, како е да се носи белиот мантил и колку е тешко да ги убедиш пациентите повеќе на внимаваат на себе. Во целост ви го пренесуваме нејзиното сведоштво:

“Ноќна смена на брза помош во Гостивар.
(верувам дека и во други градови е исто)

Прегледуваш со отворен прозорец за да се заштитиш (и себе, и пациентите). Надвор, и внатре, грми од некојси музички настан што многу “соодветно” се одржува спроти градска болница.

Не го слушаш пациентот од бучава. Апаратот за притисок едвај.

Затвораш прозорец.

Влегува пациент, без маска, видно изнемоштен, кашла. Велам “Ве молам ставете маска”. Температура 37.5°C.

Добивам: “Ај докторке немој со тие глупости, Швепс пиев многу вчера и јадев сладолед, од тоа ми е. Пиши една инекција да се опраам, утре сум на свадба”

Додека процесирам да не случајно сум ја утнала лекцијата на Медицински факултет за тоа како Швепс и температура се тесно поврзани, му даваме маска, прегледувам и по 100 ти пат вечерта со колегите го повторуваме истото “Ве молам тестирајте се што поскоро, и никаде без маска”.

– “Аха, важи”.

Отвораш прозорец. “…I got my Ni**as in Paris, and they goin’ gorrilas” 🎵И онака се слуша како DJот да е пред врата, си праиш мини-денс во себе додека се проветрува просторијата 🤷‍♀️

Ѕвони телефон. Итен повик. Трча екипата надвор, тргате веднаш. Со вклучени сирени, едвај проаѓате, или подобро кажано не проаѓате низ град затоа што не дај боже фраерите да не го прошетаат Maserati-то низ град од точка А до точка Б меѓу кои дистанцата е 500m преку сила. И не дај боже да не се паркираш точно пред бутик. “Што има везе, ќе пројдат овие, има тротоар, може и ќе прелетаат, тамам си е.”

Стигаш по 15 минути. Те чека, нормално, едно нервозно “Кај сте досега, вие брза помош сте или што сте?”

Пациентот со висока температура, ниска сатурација, едвај дише. “Нема Корона докторке, од климата му е”. Го подготвувате за транспорт, и се молиш дека до инфективно ќе ти се погодат улици со културни возачи.

Се враќаш во амбуланта, додека менуваш заштитна опрема ги слушаш колегите како пак кажуваат некому да стави маска.

Пак процесираш информации. Во амбуланта на брза помош во 2 наутро се доаѓа за болка во грло. “Без инекција не ми поминува, си знам јас најубаво, пиши сега еден Гарамицин и пола Дијазепам да спијам раат вечерва”.

Како супермаркет, само со бонус “не смееш да ме вратиш, тебе тоа ти е работа”. Се разбира, не даваме терапија без индикација, ама храброста да му кажеш на докторот што да ти пише е фасцинантна.

Музиката конечно е исклучена, здивнуваш. Гледаш Швепс во фрижидер и си викаш “Е не те пијам, nećeš ti meni температура и кашлица!”

И така.

Добра ноќ и добро утро Гостивар, вчера 82, денеска колку?

P.S. Да не бидам погрешно сфатена, имаме и еден куп златни, разбрани пациенти, кои многу си ги сакаме. Ама тоа не е темата на статусов” пишува др. Атанасова.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...