6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПрви септември - Царовска се пофали со успесите и покрај хаосот во...

Први септември – Царовска се пофали со успесите и покрај хаосот во образованието

spot_imgspot_img

Протести против реформите, дигитализацијата на учебниците, новата концепција за прво и четврто, сексуално образование за деветто одделение, барање за Референдум, повлекување на Законот за учебници – тотален хаос, учениците збунети, родителите исплашени поради пандемијата. Едни бараат онлајн, другите настава со физичко присуство, но министерката Мила Царовска не пропушта да се пофали за успесите на МОН. Денеска учебната година почна вo училниците, за сите освен за средношколците во Тетово, Гостивар и за учениците во Струга и Кичево.

“Големо е задоволството што после година и половина, денес повторно гледаме полни училишта и училници со ученици и наставници, ја гледаме вообичаената слика на која бевме навикнати пред појавата на пандемијата. Ја започнуваме новата учебна 2021-2022 година со физичко присуство и на самиот почеток на сите ученици им посакувам многу здравје, многу нови знаења, достигнувања и успешно заокружување на уште една етапа од животниот пат. Важна е вербата во себе, а поддршката од семејствата и секако од наставниците е неизбежна, така што се надевам дека секој ученик ќе ги оствари очекувањата, поставените цели и резултатите од учењето” изјави министерката за образование и наука Мила Царовска која денеска заедно со градоначалникот на Велес Аце Коцевски и претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани, по повод започнувањето на учебната година го посетија основното училиште „Панко Брашнарав“.

Наставата со физичко присуство ќе се одвива со низа протоколи за кои лекарите алармираа дека нема услови да се спроведат. Јавноста и стручната фела предлагаа и ковид тестирање на наставниците и учениците кои не се вакцинирани, по примерот на другите земји во Европа, но за жал, во 38те точки од протоколот, надлежните не го ставија овој план со кој би имало поголема безбедност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...