14.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски со повик до граѓаните: Масновно сите да излеземе и да се...

Мицкоски со повик до граѓаните: Масновно сите да излеземе и да се попишиме, не им верувајте на луѓето кои ве тераат на бојкот !!

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва е гостин на Телевизија 24. Коментирајќи го почетокот на пописот, тој истакна дека граѓаните треба да ги отворат своите врати и да се попишат.

Она што е важно е да кажеме, според него, е дека одговорни за законито и точно спроведување на пописот е владата и Државниот завод за статистика, а се останато во овој процес е фолклор.
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи уште на почетокот на оваа година беше практично да во тоа време пописот се одложи и пописот тогаш се одложи за да се реализира сега, во септември. Зошто? Затоа што ние сега реализирајќи го сега пописот можеме веднаш за време на локалните избори го исконтролираме, бидејќи сега на локалните избори ние ќе имаме фингерпринт терминали и тоа ќе ни биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле пописот како што треба, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоски упати порака до македонските граѓани масовно да се попишат и да не го бојкотираат овој процес, односно како што порача до граѓаните да не веруваат во оние анационални структури кои што се обидуваат повторно да направат раздор меѓу македонското ткиво а со тоа да му ја продолжат политичката кариера на Заев и СДСМ.

Мојата порака е масовно да излезат граѓаните и да се попишат и мојата порака до македонскиот народ е да не ги слушаат и да не потклекнуваат на анационалните и антимакедонските елементи на македонската политичка сцена кои што во овој момент се обидуваат повторно да внесат раздор во македонското ткиво и помеѓу протесните гласови како што тоа го правеа за време на претседателските избори кога тогаш повикуваа на бојкот на тогашниот опозициски кандидат и практично ја продолжија кариерата на Зоран Заев и СДСМ, порача Мицкоски..

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...