2.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаШилегов: Никој не веруваше дека толку многу ќе постигнеме за еден мандат.

Шилегов: Никој не веруваше дека толку многу ќе постигнеме за еден мандат.

spot_imgspot_img

Многу проекти во Скопје се донесени до точка од која нема враќање, рече скопскиот градоначалник и кандидат за нов мандат, Петре Шилегов, во вечерашното гостување на телевизијата Канал 5.

Тој вели дека никој во главниот град не верувал дека ќе може да се направат толку проекти за четири години.

Кога никој не веруваше дека можеме да ја завршиме Пластичарска, ние ја завршивме. Кога никој не веруваше дека може да се пробие ридот кај касарната Илинден, ние го завршивме и имаме булеварско решение со велосипедски патеки. Имаме прв булевар којшто излегува на скопската обиколница, тоа е булеварот АСНОМ…“, рече Шилегов.

„Не знам и не верувам дека мои поддржувачи ќе гласаат за госпоѓата Арсовска, но убеден сум дека токму тоа што го направивме во изминатите четири години, многу, многу членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за мене за градоначалник,“ додаде тој, на прашањето дали е можно дел од членовите и симпатизерите на СДСМ на претстојните избори да гласаат за неговата конкурентка, Данела Арсовска, која е кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ.

Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...