13.4 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаМодуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014

Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014

Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014 кое граѓаните ги чинеше над 600 милиони евра, реагираат од владејачката СДСМ, по денешната прес-конференција на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека сè уште нема основни одговори од кој материјал се градени болниците.

„Игор Николов треба да се засрами кога бара одговорност, морал и етика, треба да се засрами и в очи да ги погледне неговите колеги лекари, здравствениот персонал и кога зборува за градби треба да каже што сè ќе се направеше за здравствениот систем за 600 милиони евра“, се вели во партиската реакција.

Од СДСМ обвинуваат и дека 11 години, додека ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, прст не бил помрднат за здравствениот систем.

„Игор Николов наместо празни флоскули и лаги нека одржи една прес-конференција што сè ќе добиеше здравството и пациентите за 600 милиони евра“, порачуваат од владејачката партија

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јаулески: Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие!

Преголема е честа да ги носам моштите на Св. Ѓеоргиј Победоносецот, заштитникот на Струга и целото Православие! Му благодарам на Бога што ме удостои...

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња ...

Тројца мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објект во општина Чаир каде се чува изборниот материјал

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот...

Македонски пејачи ќе пеат во Ќустендил на настан за културно обединување

Втора година по ред во бугарското село Слокоштица, Ќустендил, ќе се одржи музичката манифестација Балканска средба – Музика без граници, на која е најавено...