14.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаАпасиев: Заев е на буништето на историјата, можно е да има предвремени...

Апасиев: Заев е на буништето на историјата, можно е да има предвремени парламентарни избори..

spot_imgspot_img

Левица е задоволна од резултатите што ги постигна сама како партија со своите кандидати на локалните избори и веќе е евидентно дека Заев е веќе на буништето на историјата, изјави лидерот на Левица Димитар Апасиев на полноќната прес-конференција. Тој нагласи дека кандидатите на Левица за градоначалници речиси секаде се на трето место и не одат во вториот круг, но затоа партијата влегува во Советот на Град Скопје и со речиси 60 советници на ниво на држава. Опција е ново парламентарно мнозинство, нагласи Апасиев.

„Левица во Советот на Град Скопје влегува со најмалку пет советници, а во целата држава ќе има 50 до 60 советници. Притоа, нагласувам дека Левица учествуваше со свои листи во 38 општини, а не во сите општини”, нагласи Апасиев.

На новинарско прашање дали Левица ќе поддржува кандидати за градоначалници на други партии во вториот круг имајќи предвид дека нема да има свои кандидати, Апасиев рече дека не верува во коалицирање во вториот круг, но додаде дека одлуките ќе ги носи Президиумот на партијата.

Како и да, евидентно е проопозициското расположение на граѓаните и работите водат кон предвремени парламентарни избори. Но, и да нема наскоро избори за Собранието, постои и опција од ново парламентарно мнозинство, а тоа значи пад на власта на Заев’, рече Апасиев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...