4.9 C
Ohrid
недела, декември 10, 2023
ПочетнаМакедонијаМартин Вучиќ му одговори на Бугаринот кој тврди дека ,,Танец” е бугарско...

Мартин Вучиќ му одговори на Бугаринот кој тврди дека ,,Танец” е бугарско наследство

Судбината на репресираните членови на ансамблот „Танец“ е само една мала епизода од борбата на културните кругови во Македонија за зачувување на бугарското наследство-пишува во вчерашниот број на бугарскиот медиум ,,Труд” во анализа потпишана од извесен Спас Ташев, кој бил специјалист за миграција и Бугари во странство.

Под објавата на Ташев, насловена ,,Репресиите врз ансамблот ,,Танец””, пишува дека ,,Труд” во низа на публикации раскажува за малку познати или непознати факти од борбите на македонските Бугари во периодот од 1944 до 1991 година.

Според Ташев, студија на доселеници од Вардарска Македонија покажала дека ,,Танец” е наследник на играорна група од Лазарополе, село кое било населено со здрави, планински Бугари…

По повод анализата на Спас Ташев, ,,Фокус” побара коментар од Мартин Вучиќ, директор на ,,Танец”, кој вели дека се работи за медиумски атаци врз нашиот идентитет. Неговата реакција, поткрепена со документи за историјатот на ,,Танец” ја објавуваме во целост.

-Мислам дека на јавноста не и се непознати ваквите медиумски атаци врз нашиот идентитет и самобитност, но политичките опструкции се наша верна сенка низ целата историја. Јас мислам дека е дури беспредметно да се коментира последнава изјава.

Секој добронамерник ја знае вистината и секој заинтересиран може да прочита повеќе за „Танец“, за македонската историја и нашиот фолклор во многуте домашни и светски изданија, но што е најважно може и самиот да се увери во убавината на македонската народна култура на самиот терен и секаде онаму каде што тој се негува.

Зарем има некој што се сомнева чие е „Тешкото“? Општо познато е кој е ,,Танец” и со која идеја и цел е основан. Сметам дека е доволно да ве упатам на документите и фактографијата, односно на целиот историјат на Танец кој започнува со тогашната т.н. ,,Лазарополска група“, но не и само со неа.

На 23.3.1949 година, тогашната Влада на Народна Република Македонија на чело со претседателот Лазар Колишевски, а по предлог на Министерот за просвета, донесува уредба за основање на установа Државен ансамбл на народни игри и песни со задача да ги негува, обработува и да им го подигнува уметничкото значењена народните игри и песни.
За повеќе детали,Тука Фокус

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Перо Антиќ активно учествува во предизборната кампања на Вучиќ

Перо Антиќ веќе некое време објавува фотографии и видеа на неговите профили од политичкиот ангажман Во Србија идната недела ќе се одржат избори, а во...

Истиот лек во Германија е 310, а во Македонија 970 денари!

Ова е лекот Ко Росвера од 20 мг и 10 мг. Го препишуваат главно кардиолозите, а служи за одржување на ниско ниво на холестеротот...

Бил Гејтс: Интернетот помогна „лудите“ луѓе да се најдат едни со други

Мултимилијардерот Бил Гејтс изјави дека првично мислел дека Интернетот ќе го направи светот позаснован на факти, дека ќе стане рационален, но дека подоцна сфатил...

Османи: Следната мисија на ДУИ е претседател на државата

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска во изјава за медиумите рече дека следната мисија на ДУИ е претседател, бидејќи тоа е единствената функција која...