18.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаОвој Македонец е на прав пат: На Златко Јовановски му се исполни...

Овој Македонец е на прав пат: На Златко Јовановски му се исполни желбата да ја облече Карлеуша во негова креација

Српската пејачка Јелена Карлеуша носеше креација од модниот дизајнер Златко Јовановски за снимањето на новогодишна емисија. Златко, во јавноста познат како ЈЗЈ, се пофали дека конечно му се исполни сонот Карлеуша да облече негов дизајн.

Тој не крие дека таа му е една од омилените пејачки, па и лани во интервју за Репортер кажа дека најмногу би сакал да креира за неа.

 

„Драги пријатели, да ви се пофалам дека Јелена косеше моја креација. Што да ви кажам, верувајте во себе и во она што го правите, дека само тоа е вистинскиот пат до успехот“, рече тој и објави слика од креацијата. Златко откри и дека таа е специјално изработена за пејачката.

За потсетување, Јелена лани се воодушеви од златниот фустан што го креираше Златко, а Марија Груевска го носеше во Ѕвездите на Гранд. Таа тогаш објави неколку видеа од креацијата и јавно го пофали со коментар дека и во Гранд конечно има висока мода.

Брзо потоа ЈЗЈ ја облече пејачката Вики Миљковиќ аа финалето на Гранд, а и Цеца носеше негов дизајн на концерт. Тој за неа дизајнираше уникатни панталони со корсет, изработени од мониста, срма и рачно везени апликации.

Покрај регионалните ѕвезди, тој ја облече и Ава Макс, која носеше негова креација за насловната на списанието „Хер ворлд“, а неговите дизајни се појавија во „Космополитан“ и „Гламур“.

Reporter

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам, вели Димитриевски

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која, претседателот на Движењето, Максим Димитриевски, ги реафирмираше државните приоритети на партијата, преточени во...

Само заедно можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси-УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Заедно, можеме да создадеме иновативни проекти, да се бориме за заштита на околината, да ги поддржуваме малите бизниси и да го градиме општеството кое...

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

И на митинзите јавно зборувам одмазда не ми паѓа на памет да има, имаме многу работа пред нас, тоа е државата да си ја...

Максим со отворено писмо до секој дом !!!

Движењето за наша Македонија-ЗНАМ, чиј идеен творец е актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски овој пат се обрати со отворено писмо до јавноста !!!