6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаФОТО: Земјотресите предизвикаа штети во битолската болница

ФОТО: Земјотресите предизвикаа штети во битолската болница

spot_imgspot_img

По серија земјотреси кои беа почувствувани во Македонија, а најмногу на територија на Битола се појавија оштетувања и на зградата на Клиничката болница, објави телевизија Тера.

Според директорката д-р Билјана Гагачовска во понеделникот бил прекинат елективниот хируршки програм, поради очекувања на нови потреси, а со тоа и да се избегнат дополнителни компликации.

Како што вели, од понеделник повторно ќе започне да функцинира хируршкиот програм.

Тие во вторникот се обратиле и до Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија и до општина Битола за да се направи проценка на ситуацијата во болницата, а откако пристигнале експертите на терен првичните проценки се дека зградата самата по себе е стабилна, а оштетувањата кои се направени не ја нарушуваат статиката, ниту пак доведуваат до сериозна опасност од некои поголеми поместувања во зградата, имајќи во предвид дека е градена по сите прописи во шеесетите години на минатиот век.

Според информациите, поголеми оштетувања има во две одделенија – Одделението за неврологија и Одделението за интерни болести.

Гагачовска вели дека тие оштетувања се доста сериозни, но тие како болница не се во можност веднаш да санираат, со оглед на тоа дека тлото во Битола се уште не мирува.

Таа додава дека болницата продолжува да функционира нормално, но со намален капацитет на посочените одделенија.
Tv21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...