11.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев не се откажува: Ќе формира невладина „Едно Општество За Сите“- Во...

Заев не се откажува: Ќе формира невладина „Едно Општество За Сите“- Во неговиот тимот е и Венко Филипче.

spot_imgspot_img

Подолго време го немаше во јавноста, а потоа одеднаш се појави на Форум за Дипломатија кој се одржуваше во Турција. Заедно со екс министерот за Здравство Венко Филипче, поранешниот премиер Зоран Заев на покана на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше дел од Форумот за дипломатија кој викендов се одржува во Анталија.

Во рамките форумот, Заев имаше средби со мандаторот за состав на нова Влада во Црна Гора, Дритан Абазовиќ, потоа со Столтенберг, па со бугарскиот премиер Петков, турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу.

„Особено ме радува што имав прилика да ги сретнам моите пријатели, поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други. Пренесувам дома пораки на поддршка од нашите пријатели од Европа и пошироко, кон сите македонски граѓани, кон Претседателот на државата Пендаровски, кон претседателот на Собранието Џафери, кон пратениците од Парламентот и кон нашиот премиер Ковачевски“, истакна Зоран Заев.

ТВ21 од извори од кабинетот на поранешниот премиер, дознава дека Заев не планира да се повлече од јавноста. Според нашите информации, тој работи на формирање на фондација „Едно општество за сите. А, токму присуството на Форумот за дипломатија во Турција на некој начин ги потврдува овие информации, каде е искористена можноста за меѓународна промоција на ваквата идеја, но и опипување на меѓународниот импулс по ова прашање.

Заев кога беше премиер го промовираше ваквиот концепт на функционирање на нашата држава, Едно општество за сите. Но, сега со оглед на тоа дека повеќе не е на премиерската функција, има за цел преку фондација да ја реализира намерата. Постојано претходно инсистираше на ваков концепт на функционирање на државата.

„Во реализацијата на тој концепт примарни остварувања се оние што треба да се остварат во борбата против дискриминацијата и исклучувањето, во родова еднаквост и обезбедување на правичен пристап до основните услуги и ресурси за сите граѓани подеднакво“, посочи Зоран Заев.

Освен Заев, ТВ21 дознава дека во тимот е поранешниот министер за здравство Фенко Филипче, потоа истакнати интелектуалци, професори, бизнисмени, поранешни министри, луѓе од невладиниот сектор, поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ и луѓе од сите етнички заедници во Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...