8.6 C
Ohrid
недела, јануари 26, 2025
ПочетнаМакедонијаЗахариева: Во интерес на Македонија е да остане ветото, треба да се...

Захариева: Во интерес на Македонија е да остане ветото, треба да се научи вистинската, а не измислената историја..

spot_img

Надворешна комисија не е Народното собрание, тоа е помошно тело на парламентот и одлуките ги носи парламентот, а не неговата комисија за надворешни работи, ја коментира поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева намерата на премиерот Кирил Петков предлогот на француското претседателство за кревање на ветото за Македонија да го препушти на одлучување во Комисијата.

<

Кирил Петков влезе во играта на РС Македонија, давајќи и ветувајќи дека ќе направи компромиси кои нема да ги одразуваат интересите на Бугарија. И Бугарија и граѓаните на РС Македонија ќе загубат од избрзаното укинување на ветото. Во нивен интерес е да се реформира Македонија. Во нивен интерес е историјата да ја знаат таква каква што е, а не измислената историја што е создадена за да ги оддалечи од Бугарија и од бугарството – вели Захариева.

Таа додава дека со своите постапки, Петков ги поткопува напорите на Бугарија да ја реформира РС Македонија и се претвора во полномошник на Путин.

Франција не може да ги гарантира барањата на Бугарија доколку тие не влезат во преговарачката рамка и не бидат одобрени од сите земји-членки на ЕУ – додава пратеничката од ГЕРБ Захариева во интервју за БГНЕС.

Таа вели дека не е јасно премиерот Петков брза да го укине ветото за Македонија.

– Мојот единствен сомнеж е дека Кирил Петков ветил дека ќе го укине ветото до крајот на француското претседателство. Нешто што тој негира, но сите негови постапки зборуваат во спротивна насока, вклучително и оваа одлука која вчера беше усвоена од Советот на министри – рече Захариева.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија го заврши Светското првенство на 15. место

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. Место на СП 2025 што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, откако нашите ракометари со вечерашниот пораз...

Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс...

Данела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика МВР да ја уапси, како што вели таа, банкадата која пали диви депонии, откако биле претепани...

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...