9.9 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаБугарски историчар: Ако ВМРО-ДПМНЕ реагира негативно на францускиот предлог, значи документот не...

Бугарски историчар: Ако ВМРО-ДПМНЕ реагира негативно на францускиот предлог, значи документот не е лош

„Самиот предлог предизвика многу контроверзии и на крајот проблемот со него е што е прилично нејасен. Се зборува за бугарско-македонски протокол, кој не знаеме дали постои или не. Проблемот е што доаѓа премногу доцна и мислам дека беше грешка од страна на Франција што ја стави оваа ситуација на Бугарија токму во овој момент“, вели бугарскиот историчар Светослав Живков за последниот предлог на француското претседателство со ЕУ.

Според него, францускиот предлог не е на штета на бугарскиот национален интерес.

„Тоа е потврдено како легитимен бугарско-македонски договор и до одреден степен ЕУ делува како гарант или барем мониторинг тело“, изјавил Живков за „Bulgaria ON AIR“.

„Многу е значајно што круговите во Северна Македонија кои се против воспоставување добри односи со Бугарија, како што е ВМРО-ДПМНЕ, реагираа крајно негативно на овој предлог. Тоа барем може да не одведе во насока дека документот не е толку лош“, смета историчарот.

Според Живков, споровите со РСМ е политички.

„Историската комисија е експертска комисија. Во Бугарија постои лоша практика кога треба да се донесат тешки одлуки, да се префрла топката на експерти. Оваа комисија не може да носи политички одлуки, нашите спорови се политички. Тие може да изгледаат на прв поглед. историски, но во основа се политички“, коментира историчарот.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Претседателката: Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска објасни како дошло до дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата со Румен Радев во...

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...

Штипската Миа Калифа по само 9 дена исфрлена од реалното шоу

Моника Станојкова по само 9 дена од влегувањето во реалното шоу “Елита 8” синоќа на првата елиминација беше кандидат со најмалку гласови од публиката. Нејзиното...