19.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаВработените од КЈП отишле да санираат дефект и добиле ќотек !!!

Вработените од КЈП отишле да санираат дефект и добиле ќотек !!!

spot_imgspot_img

Вчера попладне на раскрсницата на улицата „Бел камен“ во Кочани се случи инцидент во кој нападнати биле и претепани тројца вработени во КЈП Водовод.

По дефект на водоводната мрежа кој настанал при раскопување на улицата од вработени во една градежна компанија, при обид на вработените од КЈП да го санираат дефектот, седуммина револтирани граѓани поради недостатокот на вода, ги нападнале и претепале. Кај едниот од вработените констатирани се повреди на главата, кај вториот скршеници на ногата, а третиот поминал со полесни телесни повреди.

„Во моментов преполовена ни е групата за одржување на водоводната мрежа, која брои само околу 6-7 вработени“, изјави за Радио Кочани техничкиот директор, Драганчо Ставрев и додаде: „Секојдневно се случуваат по 5-6 дефекти, вклучувајќи викенди и празници. Овие вработени и така беа оптоварени, санирајќи ги преќините за напојување со чиста вода за пиење од градскиот водовод. Вкупната водоводна мрежа, примарна и секундарна е со должина од 160 километри, а околу 200 километри изнесува приклучната мрежа до потрошувачите. Останавме со половина екипа од групата за одржување и ќе биде навистина тешко по инцидентот во период на годишните одмори да одговориме на сите предизвици. Се надеваме повредените колеги што е можно побргу да ни се вратат“, заврши техничкиот директор на КЈП „Водовод“.
Јавува радио Кочани

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица. Од АМСМ велат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци...

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за...

Ги слушнавме вашите гласови како одекнуваат низ улиците, одѕвонуваат од желбата за промена и обнова. И денес стојам пред вас, длабоко благодарен од вашата...

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...