9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаПотпишаниот протокол нема да биде објавен денеска

Потпишаниот протокол нема да биде објавен денеска

spot_imgspot_img

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и неговата бугарска колешка Теодора Генчовска денеска го потпишаа протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство, но според бугарските медиуми неговата содржина нема да биде објавена ниту денеска.

Бугарското национално радио јави дека содржината на овој документ се очекува да биде објавена во наредните денови, најверојатно по утрешната средба на амбасадорите во ЕУ во Брисел.

Познато е дека документот е на најмалку 10 страници и содржи конкретни мерки и рокови за обете страни. Според она што синоќа го кажа Османи на брифинг со новинарите предвидено е заедничко чествување на историски ликови и настани, како и промена на учебниците, но за сите такви промени ќе одлучува Мешовитата историска комисија и за промените ќе треба да се согласат сите седуммина нејзини членови.

За работата на историската комисија не се поставени рокови, туку има само охрабрување научниците што побрзо да ја завршат работата за средновековниот период. Други конкретни детаљи не се познати.

Министерот Османи со денови ја уверуваше вознемирената македонската јавност дека протоколот ќе биде објавен и дебатиран пред да биде потпишан, но тоа не се случи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...