12 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаOсмани: Ќе помогнеме Македонците во Албанија да ја зачуваат етничката и културна...

Oсмани: Ќе помогнеме Македонците во Албанија да ја зачуваат етничката и културна посебност

spot_imgspot_img

Македонската влада ќе им помогне на Македонците во Албанија да ја зачуваат етничката и културна посебност..

Македонците во Албанија му ги кажаа маките на министерот Османи кој денеска ги посети Голо Брдо и Пустец во кои живее македонско население. Откако од македонските здруженија алармираа за зголемена бугарска пропаганда и уцени од Софија за Македонците да се попишат како Бугари на пописот во октомври, Османи лично ќе се информира за ваквите притисоци. По денешните средби со Македонците од Пустец и Голо Брдо порача дека Македонија дава поддршка за заштита и промоција на јазични и културни особености на македонската заедница таму преку конкретни проекти и соработка.

Во Пустец Османи заедно со претседателот на Македонската алијанса за европска иднина (МАЕИ), Васил Стерјовски и градоначалникот на Општината, Пали Колефски, посетија повеќе локации, училишта, спомен куќи, кои се од посебно значење за локалните жители.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...