9.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаПратениците Ристески и Минов се расправат кој повеќе прегледи има на ФЕЈЗБУК.

Пратениците Ристески и Минов се расправат кој повеќе прегледи има на ФЕЈЗБУК.

spot_imgspot_img

По пауза за летните одмори, собраниската Комисија за избори и именувања ја продолжи расправата за кандидатите за уставни судии.

Тања Васиќ – Бозаџиева е спорна и за пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека таа ќе носи пресуди под диктат на актуелната власт. Уставниот суд не носи пресуди, туку одлуки.

Ристески дополни дека таа кандидaтурата си ја откупила со тоа што давала лиценци на семејството Заеви за производство на марихуана.

„Место да ставиме независни експерти како професорот Саво Климовски, вие ставате партиски послушници кои ќе го штитат криминалот на власта”, рече Ристески за професорот Климовски кој качен на гајба на протестите на ВМРО-ДПМНЕ против мирно примопредавање на власта, повикуваше на насилно влегување во Собранието во април 2017 година.

Климовски е предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и уште не е стигнат на расправа во Комисијата.

Потоа Ристески потсети на ниската доверба во судството и на неуспешната борба против корупцијата.

Ристески немаше слушатели од владејачката коалиција во салата „Борис Трајковски”, освен пратениците Панчо Минов и Моника Зајкова.

Минов во реплика отиде во друга насока, место да му одговори на кажаното, го обвини Ристески дека ја одолговлекува работста на Комисијата, на штета на работата на Уставниот суд, кој подолго време работи само со 5 судии, кои чекаат избор на 4 колеги на кои одамна им заврши мандатот.

„Кој си бе ти да ми кажуваш што да зборам”, викаше од место Ристески.

„Зборувате за корупција во власта, го спомнувате Заев дека се мешал во судството. Зошто не кажете нешто за корупцијата кај градоначалниците?”, продолжи Минов.

Бидејќи Ристески спомна нешто и за земјоделие, за срамни над 400 коментари на Фејсбук по објава на владина мерка, Минов и за тоа му реплицираше.

32 илјади прегледи за земјоделска мерка имал Минов кога ја пофалил Владата за мерката.

„Вашите 400 негативни коментари се од партиски ботови, не ме интересираат, јас имам 32 илјади прегледи на објавениот статус”, му реплицираше Минов на Ристески кога зборувајќи за кандидатката Васиќ, се префрли кусо на земјоделска тема.

С. К. ДЕЛЕВСКА СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...

„Народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа“, рече...

„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни,...

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...

На денешен ден во 1945 година е утврдена македонската азбука со 31 буква

На денешен ден 1945 година, Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела...