4.9 C
Ohrid
четврток, февруари 6, 2025
ПочетнаМакедонијаСе одржа 11-та Гробаријада: Гробарите од Македонија се дружеа со останатите колеги...

Се одржа 11-та Гробаријада: Гробарите од Македонија се дружеа со останатите колеги и сечеа торта во облик на ковчег долга еден метар !!!

spot_img

Околу 200 претставници од 150 погребални претпријатија од Хрватска, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија се собраа на состанокот на погребниците од Балканот – единаесеттата „Гробаријада“ годинава што се одржа во Ниш.

<

Главната атракција на синоќешниот настан беше колачот во облик на ковчег долг речиси метар и половина.

Целта е да оствариме соработка, еден ден во годината да имаме и здив. Погреби имаме 365 дена, еден ден во годината, сакаме и да се опуштиме“, вели Станисављевиќ.

Во овој бизнис влегол пред 25 години и сега му го предава на синот. Тој вели дека иако многумина мислат поинаку, директорите на погребна опрема ја чувствуваат тагата со семејствата кои ги губат своите најблиски.

Истото го потенцира и неговата колешка Радиша Михајловиќ.

„Некои мислат дека се збогатуваме енормно, но не разбираат дека работиме 24 часа на ден и дека сме соучесници во таа болка. И ние сме луѓе, чувствуваме тага и болка со семејството на кое му служиме. Никого не влечеме за ракав да купи ковчег од илјада или две илјади евра, тие сами избираат, самите си ги поставуваат условите“, вели Станисављевиќ, кој е веќе во пензија.

Јован Шкелин дошол од Шибеник.

„Бевме на првата „Гробаријада“, сега и овде. Чест ни е што сме поканети, ќе се дружиме и ќе се забавуваме“, вели Шкелин.

Претходниот собир беше организиран во 2019 година во Пожаревац, по што имаше пауза поради епидемиолошката состојба. Следната „Гробаријада“ ќе се одржи во Петровац на Млава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Росица Кулакова до медиумите: Не го објавувајте видеото во кое адвокатот на Васо ќе се обиде да ја изманипулира јавноста !!!

Росица Кулакова, сестрата на Фросина Кулакова, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека адвокатот на Васил Јованов кој ја прегази нејзината сестра, ќе се обиде...

Висок функционер од СДСМ заврши во притвор

Судија на претходна постапка при основниот Кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за одредување 30денвен притвор за поранешниот директор на...

Традицијонална свеченост во спомен куќата на Прличев

По традиција во рамки на „Прличевите беседи“ и годинава се одржа свеченост во родната куќа на Прличев, којашто пред 20 години беше реновирана и...

23 годишниот одбранбен фудбалер Христијан Јанкулоски од Охрид е ново име на Брера Струмица.

23 годишниот одбранбен фудбалер Христијан Јанкулоски е ново име на Брера Струмица. Тој веќе се приклучи на тимот на Тони Атанасов и веќе...