12.7 C
Ohrid
четврток, мај 2, 2024
ПочетнаМакедонијаДецата немаат никавки учебници а Бугарија очекува големи и брзи промени во...

Децата немаат никавки учебници а Бугарија очекува големи и брзи промени во македонските учебници….

spot_imgspot_img

Повторно немавме напредок во разговорите, во Македонија не постои подготвеност за промени. Тврдењето доаѓа од копретседателот на Мешовитата историска комисија од бугарска страна, по минатонеделната средба на историчарите во Скопје.

Тој оценува дека ова се должи на политичките притисоци кои ги трпи македонскиот дел од Комисијата.

“Немаше некакви посебни тензии во разговорите меѓу нас, но многу добро ја забележав вознемиреноста кај дел од колегите. Некои од нив сосема отворено кажаа дека се подложени на закани и притисок ако нешто сменат во своите ставови…”

Ваквото тврдење Димитров го поткрепува и со студијата на Конрад Аденауер објавена вчера, во која 44 отсто од македонските граѓани сметаат дека најголем непријател на Македонија е Бугарија.

Неподготвеноста за промени во Македонија, Димитров ја гледа во спората имплементација на усвоените препораки за промена на учебниците.

“Еден учебник не се менува од денес за утре, но можат да се направат дополнувања без да се печатат наново…”

За копретседателот од македонскиот дел од Комисијата, пак, ова се лични, субјективни тврдења на неговиот бугарски колега, кои имаат дневнополитички потреби.

“Јас не би сакал да коментирам политички изјави, бидејќи ова е токму таква изјава на копретседателот од бугарска страна Димитров. Со ваквиот настап за жал се политизира работата на Комисијата. Ваквите изјави ја нарушуваат довербата меѓу членовите и атмосферата за работа”, смета Ѓоргиев.

Тој вели дека за примена на препораките сега е надлежно Министерството и Бирото за образование, а на обвинувањата возвраќа дека процесот на промени на учебниците не е почнат ниту во бугарското општество.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На денешен ден во с. Добрушево е роден г.г. Стефан

На денешен ден 01.05.1955 година во село Добрушево – битолско, е роден нашиот Архиепископ – Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. На многаја...

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...