9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаПронајдено безживотното тело на исчезнатиот гостиварец

Пронајдено безживотното тело на исчезнатиот гостиварец

spot_imgspot_img

Заврши потрагата по гостиварецот кој во неделата беше пријавен за исчезнат на падините на Шар Планина во атарот на селото Пожаране. Група составена од полициски служебници и жители од околните села околу пладне го нашле безживотното тело на К.Ј. (87) во шумски предел во атарот на соседното село Врапчиште.

Телото е идентификувано од најблиски на К.Ј. кој на 30-ти минатиот месец беше пријавен дека во близина на селото Пожарене собирал шумски плодови и потоа исчезнал.

Од СВР Тетово информираат дека по тридневна интензивна потрага на поширокиот регион околу гостиварското село Пожаране, полициски службеници на ОВР Гостивар, во содејство со екипи на МВР и мештани, денеска (2 ноември) околу 12 часот и 40 минути во близина на фабрика за мебел, во атарот на гостиварско Врапчиште, во шума, го пронашле безживотното тело на 87-годишниот гостиварец К.Ј.

– Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува екипа од ОВР Гостивар. По наредба на Јавен обвинител ќе се врши и обдукција.Од извршениот лекарски преглед ба телото не се констатирани траги на насилство, наведуваат од СВР Тетово.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде...

Агелер порача дека медиумите имаат клучна улога особено во изборниот процес

На Денот на слободата на медиумите, американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порачува дека медиумите имаат клучна улога, особено сега во изборниот процес. „Денес е...

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...