14.9 C
Ohrid
среда, мај 8, 2024
ПочетнаМакедонијаОтчет на градоначалникот Пецаков: Намален затекнатиот општински долг за над 200 милиони...

Отчет на градоначалникот Пецаков: Намален затекнатиот општински долг за над 200 милиони денари !!!!

Водени од принципот на достапност и отвореност кон граѓаните, воведовме повисоко ниво на транспарентност на локалната самоуправа и во таа насока подготвивме едно резиме, во кое се сублимирани најважните детали и преку кое може да се направи анализа на сето она што го направивме во изминатите 365 дена, рече градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков на денешниот отчет за сработеното во првата година од мандатот.

Свесни дека финансиската стабилност на општината е главната основа за успешно функционирање, исклучително бевме посветени на процесот на раздолжување. Затекнатиот долг од 856.831.830 денари, успеавме да го намалиме за 202.214.512 денари. Ја санираме лошата финансиска состојба во образованието. Ги сервисиравме сите заостанати обврски и за прв пат сите општински училишта ја започнаа новата учебна година со нула долгови. Посветено работиме и на подобрување на финансиската состојба во сите јавни претпријатијата кои ги затекнавме во многу лоши услови, истакна Пецаков.

Изминатата година, рече Пецаков, посветено е внимание и на подготовка и реализација на инфраструктурни проекти за подобри услови за живеење на сите граѓани.

За само 365 дена изведена е водоводна линија со вкупна должина од 1520 метри, поставена е фекална и атмосферска каналаизација во вкупна должина од 3295 метри, асфалтирани се улици со вкупна површина од 14.138 м2, извршено е поплочување на улици во вкупна површина од 1550 м2 и извршено е партерно уредување со вкупна површина од 5600 м2, изградени се два резервоари за вода кои беа неопходни за граѓаните, санирани се и изградени голем број потпорни ѕидови, инвестирано е во спортската инфраструктура и урбаната опрема, подготвени се основни проекти и технички документации за 20-тина инфраструктурни проекти кои ќе бидат реализирани во текот на наредната година, вели Пецаков.
Во отчетот градоначалникот Пецаков се осврна и на инвестициите во сите училишни објекти во вредност од 20.148.000 денари, како и на воведените новини во делот на поддршката на талентирани ученици, обезбедената поддршка за семејствата на првачиња, како и неколкуте подготвени проекти за реконструкција на училиштата кои ќе бидат реализирани во иднина.

Во континуитет даваме поддршка на проекти за промоција на туристичките потенцијали, културното и природното наследство, како и унапредување на културните и духовни вредности. Бевме исклучително посветени на поддршка на спортот, а на наша голема гордост оваа година застанавме зад организацијата на јубилејното издание на „Охридскиот пливачки маратон“. Во насока на продолжување на туристичката сезона, оваа година за прв пат организиравме „Фестивал на вино“ кој беше надополнет со богата забавна програма со што се привлече вниманието и на жителите и на туристите, потецираше Пецаков.
Но, додаде Пецаков, секој успех не би бил вреден доколу не е верификуван од граѓаните, бидејќи тие се најголемите сојузници во борбата за подобар Охрид.

Охриѓани гледаат кој работи, кој е искрено посветен и кој вистински работи за интересите на градот. Нивната оценка ќе остане мојот најголем мотив и заедно со нив, преку јасна визија и план ќе продолжуваме понатаму кон остварување на нашите цели, а тоа се подобри услови за живеење во нашиот Охрид!, рече градоначалникот Пецаков.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ДИК: Обработени 56,05% од гласовите – ВМРО-ДПМНЕ 217.533 – СДСМ 73.922

Според првичните објавени резултати на ДИК од обработени 56,05% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533, а СДСМ 73.922 гласа 1. КОАЛИЦИЈА ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА -...

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА: Ви благодарам на сите од срце, за силната поддршка!!!

Претседателот на Ок. ВМРО ДПМНЕ-ДЕБРЦА Им се заблагодарува на сите граѓани во општина Дебрца за силната поддршка на ВМРО ДПМНЕ, па со заеднички сили...

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ од ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност на почетокот

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги објави првичните резултати од досега преброените гласови за парламентарните избори. ВМРО-ДПМНЕ според овие бројки има тројна предност пред СДСМ.

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински терен во Торшавн го игра првиот натпревар против Фарски Острови од баражот за пласман на Светското првенство...