16.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаЌе им се прости на неплаќачите на ковид-19 казните, ама нема враќање...

Ќе им се прости на неплаќачите на ковид-19 казните, ама нема враќање пари на тие што платија

spot_imgspot_img

Амнестијата ќе опфати над 1 200 лица кои треба да одат во затвор откако не си ги платија казните изречени за прекршување на мерките при ковид-19 пандемијата. Таа се носи од причина што нема место во затворите.
Прашан, што со оние што си ги платија казните, министерот за правда Никола Тупанчески вели „може да се размислува“, но не спомена дека е можно да им бидат вратени парите
Граѓаните кои добија казни поради прекршување на ковид-19 мерките за време на пандемијата, а потоа и одбија да ја платат казната, ќе бидат амнестирани бидејќи нема место во затворите. Предлогот, вели министерот за правда Никола Тупанчески во вечерашното издание на „360 степени“, дошол од Основниот кривичен суд од Скопје а тие го прифатиле. Решението е спремно за гласање во Собранието.

Според анализите на владиниот ресор, амнестијата ќе ослободи над 1 200 лица. Според министерот Тупанчески прекршителите не се криминалци, туку лица чии парични казни се пред трансформација во казни затвор.

Ја прифативме идејата на Кривичниот суд – Скопје зашто ни се виде како идеја која може да помогне. Тука не станува збор за лица кои извршиле кривични дела кои, пак, според својата персонална анамнеза претставува криминалци во вистинска смисла на зборот. Тоа се лица кои ги прекршиле ковид-мерките и нашиот кривичен законик предвидува, најчесто беа парични казни. Зборуваме за повеќе од 1 200 луѓе на кои, практично ако не ја платат паричната казна, за кратко време паричната ќе им се трансформира во затворска казна. Оваа идеја на Кривичниот суд, бидејќи предлог-законот е готов, е во собраниска процедура. Мораме да бидеме брзи зашто ако навреме не го донесеме законот тогаш задоцнето ќе биде неговото носење“,

изјави министерот за правда во гостувањето на „360 Степени“.
Но, ако се амнестираат сите што не си ја платиле казната, што ќе се случи со оние кои биле доволно одговорни барем да си ја платиле казната во државниот буџет? Често, сумите на казните беа од 1 000 до 2 000 евра. Прашан, дали на тие што платиле ќе им бидат вратени парите, министерот Тупанчески одговори дека фокусот сега е на друго место.

„Амнестијата се однесува на оние на кои паричната ќе им биде трансформирана во казна затвор. Оние кои веќе ја платиле изречената казна е прашање за кое може да се размислува, но фокусот е на лицата на кои паричната казна би им се трансформирала во затворска казна“,

вели Тупанчески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пијан Кумановец откако дувал на дрегер почнал да се удира самиот, па потоа почнал да ги навредува полициските службеници !!

Полицајци од Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол, а потоа агресивно се однесувал кон полициските...

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...